1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран-нови снимки на заробените војници

2 април 2007
https://p.dw.com/p/AgHs

Иранската државна телевизија прикажа нови снимки на дел од заробените 15 британски војници.На неа двајца од морнарите на географска карта ја прикажуваат својата позиција во Персискиот залив во моментот на заробувањето на 23 март.Според нив,тие биле навлезени во ирански територијални води.

Британското министерство за надворешни работи во Лондон снимката ја нарече неприфатлива.Велика Британија во меѓувреме води директни преговори со Иран за ослободување на војниците,соопшти британскиот министер за одбрана Браун,без да наведува детали.