1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опстојување на заканите

30 декември 2011

По заканите дека ќе го блокира транспортот на нафта преку Персискиот залив, Иран најави тест на проектили со долг дострел во стратешки важната морска област.

https://p.dw.com/p/13bts
Фотографија: Isna

Според изјавите на високи воени лица во Иран ракетниот тест треба да биде изведен во сабота наутро.

„ Иранската морнарица утре ќе истрела неколку ракети со голем дострел во Персискиот Залив, изјави заменик-командантот на морнарицата“, адмирал Махмуд Мусави.

Дел од големите воени вежби

Употребата на ракетите се дел од големите маневри што почнаа минатиот викенд, и чија цел е е подготвување на иранската морнарица за евентуална војна.

Iran Marine Übung Militär
Вежби на иранската морнарицаФотографија: picture-alliance/dpa

Претходно владата во Техерен повтори дека ќе го блокира Ормускиот теснец, и покрај предупредувањата од Вашингтон. САД од своја страна повторно соопштија дека нема да толерираат затворање на теснецот.

Ормускиот мореуз се наоѓа меѓу Арапскиот полуостров и Иран. Низ теснецот широк 50 километри и долг околу 200 километри минуваат големи количества нафта. Се претпоставува дека низ него минува 40 проценти од светската нафта и затворање на мореузот би имало големо влијание врз светската економија.

Автор:АТ/СН/дв/афп/миа

Редактор: Борис Георгиевски