1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран останува на политиката

25 март 2007

Иран и покрај синоќешната одлука на советот за безбедност за воведување нови санции продолжува по свое. Министерот за надворешни работи Монахер Мотаки претпладнево изјави дека новите санкции нема да влијаат врз политиката на Техеран. ЕУ бара преговори

https://p.dw.com/p/AdsO
Манухер Мотаки
Манухер МотакиФотографија: AP

Високиот преставник за надворешна политика и безбедност на Унијата Хавиер Солана денеска во Берлин изјави дека уште вечерва ќе стапи во контакт со иранскиот преговарач во нуклеарниот спор Али Лариџани. Тој смета дека се потребни натамошни преговори:

“ Сакаме да кажеме јасно две работи. Прво дека тие мора да се согласат и тоа е содржано во едногласно усвоената резолуција. Но во исто време ние сакаме да продолжиме да им го кажуваме она во што веруваме: дека ова е проблем кој треба да се реши низ преговори. Доколку тие сакаат ние сме подготвени за преговори“ изјави Солана

Во резолуцијата на советот за безбедност за воведување нови санкции се предвидува замрзнување на банкарските сметки на 13 компании, ембарго на испораката на оружје од земјата и визни ограничување за сите лица кои се поврзани со процесот на збогатување на ураниум.

Американскиот амбасадор Алехандро Волф по седницата во Вашингтон изјави:

“ За жал, Иран продолжува да се спротивставува на волјата на меѓународната заедница, одлуката на советот и обрската која ја има согласно меѓународното право. Заради тоа беше неопходно да се донесат посилни мерки за да се натера режимот во Техеран да се откаже од нуклеарната програма. Доколку Иран одбере поинаков пат тогаш очекувам од советот за безбедност да го зголеми притисокот врз иранската влада. Да бидам јасен: Овие мерки на ниту еден начин не значат казна за иранскиот народ“

Доколку Иран во наредните 60 денови не го запре нуклеарниот процес советот за безбедност ќе ја разгледува можноста за проширување на санкциите.