1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Iran Uran Türkei

17 мај 2010

Иран спречи санкции против него во последна минута - во спорот околу атомската програма, официјален Техеран попушти и се согласи да облагородува ураниум во Турција. Западот реагира воздржано на ваквиот потег на Иран.

https://p.dw.com/p/NQ22
Фотографија: ISNA^

Ова е изненадување и резултат на умно водени преговори. Бразислкиот претседател Лула да Силва и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, такаречи во последна минута успеаја да ја убедат иранската влада да даде согласност за облагородување ураниум во трета земја. Договорот постигнат денеска во Техеран, предвидува Иран во Турција да донесе 1,2 тони трииполпроцентен ураниум, кој под назор на Меѓународната агенција за атомска енергија треба да биде заменет за 22 процентен ураниум, кој доаѓа од Русија и Франција и кој на Иран му е потребен за реактор за медицински истражувања. Договорот му беше понуден на Техеран уште есента, но владата инсистираше размената на ураниумот да се одвива во Иран. По денеска постигнатата согласност, кај Лула и Ердоган можеше да се забележи видливо олеснување. Иранскиот преговарач за атомски прашања, Али-Акбар Салехи, изјави: „За да ја покажеме нашата добра волја и подготвеност за соработка со Меѓународната агенција за атомска енергија, прифативме размена и процедура на која инсистираше западот, имено - испорака на наш облагороден ураниум на трета земја.“

Iran - Atomkraftwerk Buschehr
Кучно прашање е - дали исламската република ја користи својата атомска програма и за воени цели?Фотографија: ISNA

Никој не знае што навистина следува

Со денешниот договор е решен само мал дел од конфликтот околу нуклеарната програма на Иран, зашто клучното прашање - дали исламската република ја користи својата атомска програма и за воени цели - е се` уште отворено.

Ali Akbar Salehi
Али-Акбар СалехиФотографија: AP

Во првите реакции на веста за договорот со Иран, ЕУ изразува скепса. „Иран досега постојано отфрлаше сериозна дебата околу неговата програма“, изјави претседателот на Советот на ЕУ, херман Ван Ромпој, додавајќи: „По сите компликации и конфузија што ги предизвика Техеран во изминатите шест месеци, би било добро Иран да одговори писмено на предлозите на Меѓународната агенција за атомска енергија.“

Скептично реагира и германската влада. Портпаролот Кристоф Штегманс, денеска во Берлин рече дека е клучно дали Иран ќе престане да облагородува ураниум дома. Освен тоа, според Штегеман, важно е Иран да постигне договор со меѓународните атомски власти. „Таков договор не може да биде заменет со договор со трети држави“, рече портпаролот на германската влада.

Автор: Улрих Пик/ дпа/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска