1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран – Совет за безбедност

24 март 2007
https://p.dw.com/p/AgL7

По напорни преговори, членовите на Советт за безбедност на ОН постигнаа темелна согласност да заострување на санкциите против Иран. Гласањето за соодветна резолуција во таа насока, според најавите на дипломати, треба да се одржи уште денеска. Санкциите ќе бидат заострени поради одбивањето на Иран да ја запре спорната нуклеарна програма. Иранскиот претседател, Махмуд Ахмадинеџад го откажа планираното патување во седиштето на ОН. Објаснувањето на Техеран дека имало проблеми во добивањето виза, беше отфрлено од страна на САД. Според најавите, сега на седницата на Советот за безбедност треба да присуствува иранскиот министер за надворешни работи, Манухер Мотаки.