1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран ја лансира својата „Надеж“

Улрих Пик3 февруари 2009

По повод триесет години од исламската револуција, Иран денеска лансира сопствен сателит во вселената. На „Омид“ или „надеж“ работеле исклучиво ирански научници и треба да служи за научни цели.

https://p.dw.com/p/GmY1
Вториот обид за лансирање на сателитот е успешенФотографија: picture-alliance/dpa

Според информации од државната иранска телевизија, Иран денеска го лансира во вселената првиот сателит од сопствено производство. Утринава тој беше лансиран во орбитата со помош на ракетата „Сафир 2“. Релативно лесниот телекомуникациски сателит, наречен „Омид“, или „надеж“, е опремен со осум антени и две фреквенции. Предвидено е да ја обиколува Земјата петнаесет пати дневно, да врши мерења во орбитата и информациите да ги испраќа кон Иран.

Ахмадинеџад е горд на Иран

COROT Satellit Weltraumteleskop
Сателитот 15 пати дневно ќе ја обиколува ЗемјатаФотографија: AP

На иранската државна телевизија денеска цел ден се врти снимката од лансирањето на ракетата, како и изјавата на видливо гордиот претседател Махмуд Ахмадинеџад: „Конечно ни успеа да лансираме сателит кој е изграден исклучиво од ирански научници и да го поставиме на предвидената патека во орбитата“, рече Ахмадинеџад, притоа не испуштајќи да напомене и дека и ракетата со која беше лансиран сателитот е исто така произведена во Иран.

Амбициозни планови

Ракетата „Сафир 2“ е наследник на моделот „Сафир 1“, со кој сателитот требаше да биде лансиран уште пред половина година. Но, при лансирањето минатиот август се појавија проблеми, па проектот мораше да биде доработен. Првиот ирански вселенски центар беше отворен уште минатата пролет. Под раководство на претседателот Ахмадинеџад, земјата следи амбициозни планови, чија цел е на светската јавност да и` покажат дека и покрај меѓународните санкции, Иран е способен да направи релативно големи технички подвизи.

Iranische Techniker mit Bombe
Технички подвизи од кои цел свет стравуваФотографија: AP

На пример, на Техеран му успеа во 2006 година да изврши облагородување на ураниум, со тогашните 164 центрифуги. Дали во меѓувреме земјата е на чекор од градење атомска бомба, од што стравуваат сите, за меѓународната јавност е исто толку контроверзно, колку и податоците од Иран дека веќе има 5.000 центрифуги за облагородување на ураниум.

Сите зборуваат за Иран

Терминот што Иран го одбра да го лансира сателитот не е воопшто случаен, и тоа од два аспекта: прво, иранскиот државен врв денеска ја слави триесетгодишнината од победата на исламската револуција. Второ, утре во Визбаден ќе се сретнат претставници на петте постојани земји-членки на Советот за безбедност на ОН, како и на Германија. Ова е нивна прва средба по смената на американската влада, на која треба да се разговара токму за иранската атомска програма.