1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поздрави до морнарицата на САД

7 јануари 2012

Официјален Техеран го поздрави спасувањето на 13 ирански заложници од страна на американската морнарица. Заложниците беа во раце на пирати.

https://p.dw.com/p/13fqN
Американскиот носач на авиони „Стенис“Фотографија: dapd

„Ова беше хуманитарна акција на американската морнарица и ние ја поздравуваме“, изјави портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Рамин Мехманпараст. Според него, „борбата против пиратите треба да биде задача на сите земји“.

Според наводи на американската армија, спасувачите и‘ припаѓаат на воената единица на носачот на авиони „УСС Џо Ц. Стенис“, чие присуство во Персискиот залив наодамна предизвика налутена реакција на режимот во Техеран.

Karte Straße von Hormus (700x394) Englisch

Централната команда на американската морнарица соопшти дека екипажот добил повик за помош во близина на Ормускиот теснец. Повикот го упатил капетанот на бродот „Ал Молаи“ кој бил во раце на пиратите 45 дена. Истовремено, екипажот на еден американски хеликоптер видел пиратски брод до иранскиот брод, по што Американците го спасиле екипажот на иранскиот брод.

Американската морнаричка единица минатата недела го напушти Ормускиот теснец. Иранскиот министер за одбрана Ахмад Вахиди потоа ги предупреди Американците да не се враќаат, затоа што, според него, тие предизвикуваат „само хаос“.

Автор: ЕМФ/дпа

редактор: С. Недевски