1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирачкиот премиер бара повеќе американско оружје

ЕМФ/дв2 ноември 2013

Ирачкиот премиер Нури ал-Малики во Вашингтон нагласи дека за поефикасна борба против тероризмот во неговата земја му е потребно модерно американско оружје.

https://p.dw.com/p/1AAXW
Фотографија: Reuters

За средбата на американскиот претседател Барак Обама и ирачкиот премиер Нури ал-Малики беа преземени екстремно големи безбедносни мерки во Вашингтон. По 90-минутниот разговор во Белата куќа, Обама рече дека разговорите се воделе околу борбата против терористичката мрежа Ал Каеда. Тој му ветил на ирачкиот премиер поддршка за создавање демократски Ирак, во чија политика и општество ќе бидат подеднакво вклучени сите етнички групи.

Во заедничкото соопштение од средбата се вели дека на ирачката армија „и‘ е неопходна дополнителна воена помош“ во борбата против Ал Каеда и другите групи кои соработуваат со нејзе.

Irak Anschlag in Kut 13 Oktober 2013
Во нападите во Ирак само во октомври загинале речиси илјада луѓеФотографија: Reuters

Ал Малики на Обама му доставил листа со желби за модерно оружје кое би сакал да го има неговата земја, како воени хеликоптери и беспилотни летала. Членови на американската администрација и дел од сенаторите, меѓутоа, нагласуваат дека Ал Малики со својот стил на раководење, кој станува се‘ поавтократски, и самиот придонесол за ескалација на насилството во Ирак.

Само во октомври годинава, во напади во Ирак загинаа 964 лица, а повредени се околу 1.600. Насилството е особено во пораст од јануари годинава, поради борбата за превласт меѓу Ал Малики и сунитската опозиција, која го обвинува премиерот за авторитарен стил на раководење и дискриминација. Екстремистичките групи кои имаат врски со Ал Каеда ја користат тензичната ситуација за да регрутираат борци во Ирак и да извршуваат напади.