1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирачките курди бараат дијалог со Анкара

18 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bs9R

Ирачките курдски претставници предупредуваат дека било каква турска воена интервенција во областа Курдистан на северот на Ирак би можела да ја загрози релативната стабилност во регионот. Ја повикаа Анкара да на дијалог и да пронајде мирно решение во борбата со бунтовниците. Турскиот парламент вчера донесе одлука да и дозволи на владата да реши дали и кога да преземе воена акција во Ирак за да ги неутрализира курдските бунтовници. Резолуцијата има траење од една година. Во меѓувреме Вашингтон покрена иницијатива за решавање на спорното прашање по дипломатски пат.