1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирачки синдром во САД

Георг Шварте16 февруари 2007

Непосредно пред гласањето во американскиот конгрес за резолуција за Ирак, демократите го зголемуваат притисокот врз американскиот претседател, Џорџ Буш. Претседавачот на комисијата надлежна за воени издатоци, од редовите на демократите, најави дека ќе го спречи планираното зголемување на трупите во Ирак преку построга регулатива. Во меѓувреме, Буш апелираше до пратениците да не ги оставаат војниците во

https://p.dw.com/p/AdtE
Фотографија: AP Graphics

Ирак на цедило и да не ги попречуваат неговите планови. Денеска конгресот треба да гласа за резолуција со која треба да се спречи испраќање дополнителни 21.500 војници во Ирак

Во Вашингтон е наречен ирачки синдром. По грешките на тајните служби во предвечерјето на ирачката војна и ненаоѓањето оружје за масовно уништување, сенаторите и конгресмените сега се многу претпазливи.

”На овој претседател не му верувам веќе ни збор”, вели сенаторката Хилари Клинтон. Но, овој претседател сега вели – Иран им дава поддршка на бутновниците во Ирак и шверцува експлозив во воените региони. Освен тоа, Техеран помага во убивањето американски војници: ”Знаеме дека има оружје. Знаеме дека учествуваат елитни единици од Иран, но не знаеме кој им дава наредби. Она што е потребно е да реагираме.”

Во Багдад минатиот викенд, американската армија на еден вид прес-конференција, без камери и без микрофони, презентираше слики на иранско оружје, презентираше сериски броеви од иранско потекло и беше дадено укажување за вклученост на највисоки функционери во иранската влада. Но, она што американската јавност не го потпрашуваше во предвечерјето на ирачката војна, сега наидува на скепса. Единствениот кој се чуди поради тоа, се чини е претседателот Буш: "Претставите дека ние би фабрикувале вакви тврдења за Иран се апсурдни.”

Но, ирачкиот синдром и натаму се зголемува. Спикерот на американскиот конгрес, Ненси Пелоси превентивно објасни дека претседателот Буш нема право да почне напад врз Иран без специфична согласност од конгресот. Портивникот на ирачката војна и ветеран од Виетнам, Џон Мурта, најави дека бара дополнување на буџетот што претседателот го предложи за војната во Ирак. Во дополнувањето би стоело – нема војна против Иран без согласност на конгресот. Владата на Буш деновиве ги чувствува задоцнетите последици од грешките на тајните служби во предвечерјето на ирачката војна.