1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иринеј прифаќа разговори со МПЦ

БГ/миа29 октомври 2012

Српскиот патријарх вели дека разговорите треба да се одбиваат согласно претходните договори и канонски принципи. Иницијативата за обновување на преговорите се помрдна од мртва точка по посетата на Николиќ на Македонија.

https://p.dw.com/p/16Yb6
Фотографија: AP

Српскиот патријарх Иринеј изјави дека Српската православна црква прифаќа разговори со Македонската православна црква, но по канонските принципи и во согласност со поранешните меѓусебни договори.

„Нашата желба е да разговараме, но по канонските принципи од кои нема отстапување и во согласност со договорите кои претходно ги имавме“, вели поглаварот на СПЦ во изјавата за Танјуг. Притоа потсетува на Нишкиот договор од 2002 година кој СПЦ го прифатила, а од македонска страна е оценет како работен документ што нема обврзувачки карактер.

Спорот меѓу двете цркви се актуелизира со посетата на српскиот претседател Томислав Николиќ на Македонија и неговата изјава дека е подготвен лично да се ангажира СПЦ да ја признае афтокефалноста на МПЦ, поставувајќи го како предуслов ослободувањето на Јован Вранишковски.

Претседателите на Македонија и на Србија, Ѓорге Иванов и Томислав Николиќ, во петокот од Скопје порачаа дека спорот треба да се реши преку дијалог на двете цркви, а тие како претседатели можат да помогнат во тој процес. Иванов и Николиќ се согласија и дека многу работи, па и прашањето на црквите, зависи од добрите односи меѓу двете држави.

Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, пак, вчера изјави дека предлогот на претседателот Николиќ да се надминат меѓуцрковните проблеми заслужува да биде поздравен и да се почитува, иако во кругот на самата Српска црква веќе се поделени мислењата за тоа кои го поддржуваат и кои се против неговиот предлог.

G G Stefan Oberhaupt der Mazedonischen Orthodox Kirche
Поглаварот на МПЦ, г.г. СтефанФотографија: DW

„Што се однесува на МПЦ, сметаме дека секој добронамерен предлог што би ги поместил состојбите во кои се наоѓаме треба да се поздрави. И во многу други случаи кога самата Српска црква се борела за своето обединување, делегацијата на СПЦ што била во Константинопол ја предводело цивилно лице, министер во владата на тогашна Србија. Тоа со други зборови значи дека и денес не треба да се отфрлаат предлозите од цивилни лица, од претседатели, кои се добронамерни со своите предлози. Ние очекуваме тој предлог веројатно да биде простудиран и во кругот на СПЦ, а секако и кај нас во МПЦ, истакна г.г. Стефан.