1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иселениците должни да се пријават при влез во Македонија

19 јуни 2010

Во неколку наврати досега граничната полиција не дозволила излез на македонски државјани, кои влегле во Македонија со пасош од земјата во која емигрирале, затоа што при влезот не пополниле формулар за привремен престој.

https://p.dw.com/p/Nq1g
Фотографија: Petr Stojanovski

Македонските иселеници кои се бипатриди и имаат, покрај македонски и пасош од земјата каде подлого живеат или работат, должни се да го пријават својот престој подолг од 24 часа ако на влезот од земјата, пред македонските граничари, се легитимрале со странската патна исправа. Ако со неа сакаат и да излезат од земјата, без оглед што се македонски државјани, тогаш се должни да ги пополнат формуларите кои им стојат на располагање во полициските испостави на границата или во местото на привремениот престој во родната земја.

Македонија дозволува нејзините граѓани да посетуваат и по неколку патни исправи. Но, макеоднските државјани се обврзани секој престој во странство, подолг од три месеци, да го најават пред домашните управни органи или во старнство, во секое нејзино дипломатско-конзуларно преставништво. Оваа стара обврска досега не се практикуваше и затоа земјата нема увид колку нејзини државјани емигрирале, останале подолго да живеат, студираат или работат, формирале семејство и врз такви основи се стекнале со друго државјанство или пасош. Ова е добра основа да се направи евиденција колку македонски граѓани во иселеништвото ќе имаат право на глас при изборот на тројцата пратенци во македонскиот парламент од квотата на дијаспората.

„Ако заминувањето во странство е пријавено, воопшто не е проблем наш иселеник да влезе во родната земја и со патна исправа од друга држава, со неа потоа и да излезе од Македонија, но под услов да го има регулирано, пријавено своето престојувалиште во земјата. Значи услов за тоа е или да има пријава за привремен или траен престој во друга земја, или ако има друга патна исправа со која влегол во Македонија да пополни формулар што го има на граничните премини или во секоја полициска испостава во општините, ако со истата сака и да ја напушти земјата“, објаснува Иво Котевски, висок функционер на МВР.

Mazedonien Flash-Galerie Reisepass
Во изминативе 2 години издадени се 750.000 нови пасошиФотографија: DW

Наскоро пасоши по брза постапка

Според полицискиот гласоговорник, лицата кои се домќини на македонски иселеник, кој си го задржал државјанството, не се должни да го пријавуваат неговиот престој во татковината, бидејки кога гостинот од дијаспората влегол во земјата, не се третира како странец, сеедно со кој пасош влегол. Но, ако границата ја поминал со странски пасош и со него сака да ја напушти Македонија, дојденците од емиграцијата мора во формуларот да напишат и кај кого ќе престојуваат и колку време ќе бидат во Македонија.

Поголем дел од македонските гастербајтери, за време на новогодишните парзници и зимски одмори беа незадоволни зашто МВР не успеваше да им издаде македонски пасош и по забрзана постапка, ако се плати двојно повеке за вадење на патна исправа. Котевски информира дека до крајот на јуни германската фирма „Гесеке“, би требало да ја испорача нов софтвер за својата стара машина, со која ќе се задоволат нараснатите барања за промена на старите со нови лични документи. Во изминативе две години, откако се во употреба новите биометриски пасоши, се издадени 750 илјади патни исправи, што е околу осумдесет насто од досегашниот просек на лица кои поседувале патни исправи. Од пред два месеци МВР почна да издава пасоши од втората генерција на патен документ, што сега има сина боја и нов грб, но во важност се и веќе функционалните биометриски пасоши, со што се патува во шенген зоната, а имаат црвена корица.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Трајче Тосев