1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Искуство и признанија од Ирак

Сашко Димевски4 декември 2008

По пет години и единаесет ротации со различен состав на контингентите во антитерористичката коалиција, македонската армија деновиве се повлекува од Ирак.

https://p.dw.com/p/G9Qq
Македонскиот претседател Бранко Црвенковски во посета на македонските војници во ИракФотографија: DW/MIA

Политичката одлука е донесена, македонските војници се подготвуваат за враќање, лидерите во коалицијата - САД се презадоволни од квалитетот на покажаното од македонските војници, за што говорат речиси стотината ордени и награди. Непроценливото искуство, политички и воени секојдевни опасности, признанија и награди, се само дел од секојдневието на македонските војници во Ирак.

Високи оценки

Македонија, преку својата армија, во овие пет години минати на зовриениот песок во Ирак дефинитивно го положи испитот на зрелоста. И тоа со највисоки оценки, пред се, за стручноста, професионализмот и тактичноста на своите офицери и војници.

АРМ во 11-те ротации во Ирак испрати 475 офицери и војници, пред се‘, од Полкот за специјални операции и Здружената оперативна команда. Од нив 97 припадници на АРМ се одликувани со различни медали, а четворица за исклучителни достигнувања се здобија и со медал со бронзена ѕвезда, што е големо признание и за припадниците на армијата на САД.

Krieg Iran Irak Ölhafen Khorramschar
Ирак беше голем предизвикФотографија: picture-alliance / dpa

Што Македонија како држава, доби од мисијата во Ирак?

Прво, Македонија преку армијата беше учесник на најголемата коалиција во историјата според бројот на држави во неа, предводена од стратегискиот партнер – САД. Второ, тоа е една извонредна препорака за членство во НАТО, заедно со учеството во остантите мисии каде учествува АРМ- во Авганистан, Босна и Либан, и трето - како држава се определивеме во мисиите да не учествувамре во бројка туку со квалитет“, вели генералпотполковник Мирослав Стојановски, началник на Генералаштабот на АРМ.

Горди на постигнувањата

АРМ од учеството во мисијата во Ирак, според генералпотполковник Мирослав Стојановски, доби уште повеќе. Добиени се високи признанија за покажаниот профсионализам, се покажа исплатливоста во инвестирањето во обуката, која во случајов беше долга, квалитетна и разновидна. Успехот на АРМ е дотолку поголем, објаснува Стојановски, затоа што учествувавме во мисијата со за НАТО дефицитарни сили - специјалните единици и покажавме дека со помали, но уиграни тимови можат да се постигнуваат исти, ако не и подобри, резултати.

„Горд сум на тоа дека иако бевме во регион со висок ризик целиот персонал што беше ангажиран со посебна почит кон сериозноста на мисијата прифати да замине за Ирак и се‘ она што го има вложено во професионалниот развој да може да го покаже на терен,“ објаснува генералот Стојановски.

Три аспекти на мисијата

Според Нано Ружин, долгогодишен амбасадор во Алијансата, учеството на Македонија во мисијата „Слобода за Ирак“ може да се разгледува од три аспекти: политички, стратешки и воен.

Политичкиот аспект беше еден вид покажување на сојузништвото со останатите држави од млада Европа, кои испратија свои сили во Ирак, во борбата со предизвиците на модерниот тероризам. Стратешки, тоа беше потврда на нашиот партнерски однос кон сојузникот- САД, што Вашингтон знаеше да го цени- ни го призна уставното име. Воениот аспект, пак, се покажа со искуствата кои војниците ги стекана во интеропертивноста со другите војници и со одликувањата кои ги добија.

Што се однесува до евалоацијата на нашите војници во Ирак од страна на партнерите сметам дека со самиот чин на учество, контактите, употребата на воениот речник, интероперативноста, се стекна голем углед во воената дипломатија и во НАТО. Нашите војници се покажаа како извонредни амбасадори на РМ,“ вели Ружин.

Што е следен предизвик за АРМ?

Генералот Стојановски изјавува дека според преземените обрски со новите партнерски цели извесно е дека АРМ сега ќе го засили своето присуство во Авганистан.

Schüsse auf Hamid Karsai Afghanistan
Авганистан, нов предизвикФотографија: AP

Со наредната ротација ќе се зголеми бројот на војниците во четата која ја обезбедува главната команда на НАТО во Кабул, а таму веќе работат и екипа од Воената болница, комбинираниот медицински тим со Албанија и Хрватска, а ќе се зголеми и бројот на припадниците во состав на тимовите за менторирање и давање асистенција во обуката на авганистанската армија.