1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исламистите демонстрираат пред Уставниот суд во Каиро

ЕМФ/дв/афп2 декември 2012

Стотици приврзаници на египетскиот претседател Мохамед Мурси ја минаа ноќта пред зградата на Уставниот суд. Судот ја одложи одлуката околу уставноста на Уставното собрание.

https://p.dw.com/p/16uMi
Фотографија: AP

Уставното собрание е тело чие распуштање со декрет го забрани египетскиот претседател Мохамед Мурси. Уставните судии требаше да донесат одлука околу уставноста на ова тело. Уставното собрание во петокот (30.11) изутрина, по итна постапка му даде зелено светло на нацртот на новиот устав. Гласањето беше бојкотирано од страна на либералните, секуларните и коптските членови на Собранието. На 15 декември, на референдум, граѓаните на Египет треба да гласаат за новиот устав.

Опозиционерите и борците за човекови права ги обвинуваат исламистите дека со новиот устав си ја зацврстуваат власта и дека сакаат да подготват терен за натамошна исламизација на државата и општеството. Цел на критика се особено ограничувањето на правата на жените и на верските малцинства, како и големите овластувања на претседателот на државата. „Мурси на референдум го става нацрт уставот кој ги одзема основните слободи и ги крши универзалните вредности. Борбата продолжува“, напиша во својата порака на Твитер опозиционерот Мохамед Ел Барадеј.

Mohammed Morsi Präsident von Ägypten
Мoхамед Мурси упати повик до сите граѓани да излезат на референдумФотографија: dapd

Уставниот суд во текот на летото прогласи за неуставно едно поранешно Уставно собрание. За да спречи тоа истото да се случи и овој пат, египетскиот претседател Мурси на 22 ноември со декрет забрани распуштање на Уставното собрание.