1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исламисти се обиделе да го ослободат Мурси

БГ/миа8 јули 2013

Најмалку 33 луѓе загинале откако, според армијата, се обиделе да влезат во касарната каде е притворен поранешниот египетски претседател Мурси. Муслиманското братство повика на востание.

https://p.dw.com/p/193Yt
Фотографија: Mahmud Hams/AFP/Getty Images

Египетската армија соопшти дека еден офицер загинал, а 40 се повредени денеска (08.07) откако била нападната воена база каде е приведен под стража поранешниот египетски претседател Мохамед Мурси, јави египетската телевизија. Армијата тврди дека терористичка група се обидела да упадне во касарната на Републиканската гарда во Каиро во раните утрински часови. Петмина од напаѓачите биле убиени, тврди претставник на армијата.

Портпарол на Муслиманско братство тврди дека членови на движењето кои учествувале во мирен протест пред зградата, биле невооружени и било пукано врз нив, при што загинале 34 нивни приврзаници. Истите извори тврдат дека повеќе од 100 луѓе биле повредени откако армијата отворила оган врз нивните приврзеници.

Египетското министерство за здравство потврди дека во судирите загинале најмалку 33 луѓе.

Мурси и уште петмина други највисоки функционери на Муслиманското братство се наоѓаат во притвор по воениот пуч со кој претседателот беше урнат од власт, додека за уште 200 луѓе се издадени налози за апсење.

Во текот на вчерашниот ден и ноќта се одржаа големи митинзи на приврзаници и противници на исламистите во Каиро и Александрија, кои за првпат во последно време минаа без жртви.

„Во болниците биле примени 29 лица со лесни трауми, главно повреди и исекотини“, изјави шефот на главната управа за итна помош и интензивна нега.