1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исланд пред промена на власта и стоп за влез во ЕУ

ЕМФ/дпа27 април 2013

Исланд е соочен со промена на власта. На изборите кои се одржуваат денеска (27.04) се исцртува победа на граѓанската опозиција.

https://p.dw.com/p/18OIV
Фотографија: AFP/Getty Images

Според последните анкети на институтот Галуп направени за телевизијата РУВ, опозицијата, која инаку планира запирање на планираното приклучување на Исланд во ЕУ, може да смета со мнозинство од 52,6 проценти. Наспроти тоа, на владејачката коалиција на премиерката Јохана Сигурдардотир и‘ се прогнозираат само 24,6 проценти освоени гласови.

Со тоа, социјалдемократите и левите зелени би се соочиле со препoловување на гласовите кои ги освоија на претходните избори, во 2009 година. Тогаш тие ја освоија власта шест месеци по колапсот на исландските банки. Сега, како што се проценува, централната левица е соочена со пораз поради незадоволството на граѓаните од распределбата на товарот на кризата.

Wahl in Island
Граѓаните се незадоволни од распределбата на товарот на кризатаФотографија: AFP/Getty Images

Доколку дојде на власт, врвниот кандидат на конзервативците Бјарни Бенедикстон има намера да ги прекине преговорите на Исланд со ЕУ за приклучување. Неговата Партија на независноста, според анкетите на Галуп, би освоила 27,9 приценти гласови, а либералната Партија на напредокот 24,7 проценти. Концервативците традиционално се на власт во Исланд, но пред четири години мораа да заминат на опозициските клупи поради тоа што беа политички одговорни за банкарската катастрофа.

За 63 места во парламентот во Рејкјавик се натпреваруваат 15 партии. Резултатите се очекуваат во недела наутро.