1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истекува рокот за кандидатски листи

5 мај 2011

Претседателот на ДИК Борис Кондарко, денеска на прес-конференција ги претстави актуелните податоци за тоа колку граѓани извршиле увид во Избирачкиот список и колку македонски иселеници се пријавиле да гласаат.

https://p.dw.com/p/119ej
Фотографија: DW

Вкупно 16.727 граѓани извршиле увид во Избирачкиот список во предвидениот законски рок од 10 дена, изјави на денешната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарко. „Согласно законот, во следните 10 дена, односно најдоцна до 14 мај ќе бидат обработени сите барања кои се доставени од страна на граѓаните, без разлика дали се работи за запишување или бришење, по што Избирачкиот список ќе се заклучи и ќе биде потпишан од ДИК“, рече Кондарко.

Тој додаде дека според првичните неофицијални податоци, 4.771 македонски државјани се пријавиле да гласаат во странство. Претседателот на ДИК рече дека оваа бројка засега е првична и неофицијална, со можност за нејзино варирање. По рокот за обработка, кој истекува по наредните три дена, Комисијата ќе излезе со официјални податоци за лицата кои се пријавиле да гласаат во странство.

Што се однесува до листите за кандидати за пратеници, законскиот рок за поднесување на листите истекува вечер на полноќ.

Автор: АТ/ ЖА/ миа

Редактор: Симе Недевски