1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Историска средба на Бенедикт 16-ти и Вартоломеј Први во Истанбул

30 ноември 2006

Бенедикт 16-ти повика на единство меѓу католиците и православните христијани. 1000 години по поделбата на Западна и Источна црква мора да одиме по патот на помирување – повика гостинот од Ватикан.

https://p.dw.com/p/Ac1J
Бенедикт 16-ти и Вартоломеј во Истанбул
Бенедикт 16-ти и Вартоломеј во ИстанбулФотографија: AP

Со свечена богослужба во Фанарот, седиштето на Вартоломеј во Истанбул, Папата Бенедикт 16-ти го почна третиот и најважен дел од посетата на Турција. Тој останува два дена на Босфорот и ќе се сретне и со претставници на Ерменската црква, како и на еврејската заедница.

За време на заедничката богослужба во Фанарот, Бенедикт ја потврди желбата за надминување на илјадагодишната шизма меѓу католиците и православните христијани.

“Ме исполнува со голема радост да се молам заедно со вас браќа во Христа, заедно во оваа катедрала. Повикувам да се потсетиме заедно на оние настани што треба да ја одржат нашата обврска да работиме на полното единство на католиците и православните.“

Сегашниот Папа при тоа потсети на фактот дека неговиот претходник Павле 6-ти во 1965. година заедно со тогашниот православен патријарх Атенагора ги повлекоа взамените декларации за протерување од црквата изречени во далечната 1054 година. Со тоа беа направени првите важни чекори кон повторно приближување на поделената црква.

За приближување стануваше збор и на вчерашната миса под отворено небо, што Папата Бенедикт 16-ти ја одржа за 600 поканети гости во градот Ефез. Ефез е место на ходочастите за христијаните, бидејќи според преданието тука го минала остатокот на својот живот мајката на Исус, Марија. И овде тој ја нагласи важноста на Турција како можен мост меѓу културите и се помоли за мир во светата земја:

“Од работ на анатолскиот полуостров, што е природен мост меѓу континентите, да се помолиме заедно за мир и помирување. Пред се‘ за луѓето кои живеат во подрачјето, кое христијаните, евреите и муслиманите го сметаат за света земја. Мир за целото човештво.“

Малата христијанска заедница во Турција Папата ја орхрабри отворено да ја исповеда својата вера наспроти сите потешкотии.

Експертот за човекови права при католичката хуманитарна организација “Мисио“ Отмар Еринг по повод посетата на Папата оцени:

“За малубројните христијани во Турција посетата на Папата е охрабрување, бидејќи се толку мало малцинство, бидејќи се потиснато малцинство и бидејќи немаат права.“