1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Историски предизборен телевизиски настап

30 октомври 2008

Цели 16 години во САД се нема случено,еден претседателски кандидат да откупи 30 минути време за предизборна кампања во ударниот термин на големите ТВ станици. Но, за Барак Обама тоа не беше проблем.

https://p.dw.com/p/FkHx
Обама на сите каналиФотографија: AP

Барак Обама, кандидатот за американски претседател од редовите на Демократската партија, кој досега има собрано околу 600 милиони долари донации за неговата кампања , можеше да си дозволи да издвои по најмалку три милиони долари за да откупи получасовен термин за своите предизборни пораки на седум телевизиски станици кои емитуваат програма на целата територија на САД, и тоа во најударното време или како што Американците го нарекуваат „прајмтајм“.

Телевизиските гледачи на САД добија половина час холивудски сјај

Барак Обама самиот беше во улога на наратор на получасовната приказна за луѓето во САД и нивните проблеми. За некогашниот работник во Форд, Марк од Луисвил, Кентаки, кој останал без работа, за самохраната мајка Џилиана од Албекерк, Њу Мексико, која мора да работи две работи за да може своите деца да ги испрати на добро училиште и уште многу други слични приказни. Платената телезивиска реклама беше насочена кон неодлучните гласачи и кон оние кои се‘уште се сомневаат во Обама. Погледнете, гласеше пораката, Барак Обама ги разбира вашите проблеми и можете да му верувате. На рекламниот филм говореа и познати личности, беа прикажани многу семејни слики, како на пример од неговиот црномурест татко и мајката белка. Неговата сопруга Мишел раскажувапе за сопругот Барак и таткото на нивните две деца Саша и Малиа.

Зацврстување на предноста пред Меккејн?

Но Обама уште еднаш ги објасни и неговите главни цели: здравствено осигурување што може да се плати, намалување на даноците за сите што заработуваат под 200 илјади долари годишно, подобро образование и поинаква надворешна политика.

Барак Обама во анкетите има предност пред Џон Меккејн. Според најновите статистики тој веќе ги има собрано неопходните гласови. Меѓутоа се‘уште нема победено на изборите и така предолгиот пропаганден спот заврши со перфектно темпирано вклучување во живо во настапот на Обама во Флорида:

„За шест дена можеме да глесаме за надежта и против стравот, за единството и против поделбите, за ветувањата за промена и против статус кво. За шест дена можеме да се обединиме како нација , и уште еднаш да ја промениме историјата кон подобро“.

Меккејн: Обама не му ја кажа вистината на американскиот народ

Републиканскиот кандидат Џон Мејкејн го критикуваше Барак Обама за скапата изборна кампања и потсети на едно ветување, што Обама го даде додека сеуште не беше номиниран, но потоа ги прекрши:

„Искрено кажано ова е алармантно. Обама потпиша изјава уште додека неговата номинација не беше потврдена, која гласеше вака: Јас ќе користам јавна финансиска помош за кампањата, ако Џон Меккејн го направи истото. Но, Обама на му ја кажа вистината на американскиот народ“.

Во летото оваа година Обама одлучи да се откаже од т.н. јавен финансиски систем за претседателските кампањи и ограничувањата во трошоците што тој ги предвидува. Затоа тој можеше да собере и да троши онолку сретства колку што сака. Обама досега има собрано преку 600 милиони долари. Џон Меккејн наспроти тоа ја прифати јавната финансиска помош за кампањата и на располагање има само 84 милиони долари.

Поради тоа Обама повеќекратно го надмина по бројот на ТВ спотови но и по бројот на изборни канцеларии.