1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Историски успех

4 декември 2011

Ракометарите на македонскиот првак Металург постигнаа победа во натпреварот со Санкт Петерсбург (32:19) и со тоа станаа првата македонската машка екипа која изборила пласман во завршната фаза од Лигата на шампионите.

https://p.dw.com/p/13MHQ
Фотографија: picture-alliance/dpa

Ракометниот куб Металург уште од самиот старт на натпреварот најави дека седум илјадната публика ќе се радува во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Не очекував пред Нова година да имаме изборено пласман во Топ 16 фазата. Публиката беше фантастична и атмосферата исто така. Едноставно го одигравме најдобриот натпревар сезонава, како во нападот така и во одбраната, на противничкиот голман не му дозволивме да одбрани ништо“, истакна по натпреварот играчот на Металург, Филип Миркуловски, кој постигна пет голови.

Filip Mirkulovski
Филип Миркуловски, МеталургФотографија: Zlatko Kalinski

По воведните 4:0, Металург поведе и со 10:3, а до крајот на првиот дел беше 16:7. Веднаш на почетокот на второто полувреме Металург  имаше и плус10 и водството постојано се зголемуваше. Нападот беше ефикасен (32 гола - се најмногу голови во групата во ЛШ за Металург) и беше предводен од Жарко Марковиќ, кој постигна 9 голови. Најдобриот стрелец во Лигата на шампионите Наумче Мојсоски постигна седум голови и со 52 гола повторно се врати на првото место на листата на стрелците. Одбраната функционираше перфектно Дарко Станиќ имаше 18 одбрани, а Петар Ангелов шест.

Во вториот натпревар одигран вчера во групата Ц Висла и Копер одиграа нерешено 25:25. На табелата првопласирана е екипата на Хамбург со 14 бодови, Металург е втор со 9, Копер има истотака 9, Висла 5, Ст.Петерсбург 3 и Констанца 2. Натпреварите од следното (осмо) коло се играат од 9 до 12 февруари 2012 година. Паузата е поради натпреварите на Европското првенство во ракомет кое ќе се одржи во Србија.

Автор: АТ/ СН/ миа

Редактор: Симе Недевски