1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Историско финале

21 мај 2008

Сцената е поставена за првото финале во Лигата на шампионите, меѓу два англиски клуба. Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и на Челзи вечерва ќе истрчаат на стадионот во Москва, релаксирани и самоуверени.

https://p.dw.com/p/E3Z4
Германецот Михаел Балак во Челзи истотака се надева на својата прва титула во Лигата на шампионитеФотографија: picture alliance/dpa

Главниот град на Русија , им посака добредојде на двата тима. Тие ги одржаа првите тренинзи на стадионот Лужники. За инвазијата на нивните навивачи пак во состојба на готовност се околу 6000 полицајци кои ќе сторат се за да спречат какви било нереди.


Секоја година станувавме се погладни


Фудбалерите на Челзи влегуваат во мечот желни за реванш за загубената титула во последното коло на премиер лигата. Ова е и воопшто прво финале на „сините“ од Лондон во Лигата на шампионите. Тоа е само дополнителна мотивација порачаа, Френк Лампард и капитенот Џон Тери: „Очигледно, секоја година во која не успевавме да влеземе во финалето, не правеше се погладни. Сега сме тука и знаеме дека тој што ќе изгуби во финалето е повеќе или помалку заборавен и ние сакаме да завршиме како победници на Лигата на шампионите“ -рече Лампард на прес-конференцијата во Москва.


„Атмосферата што го опкружува целиот натпревар е извонредна . Ова е најголем натпревар во мојата кариера и единствано сакам да го држам в раце трофејот“- порача Џон Тери.

Се посакува место во историјата

И за Манчестер јунајтед кој ја обезбеди титулата во домашното првенство , влогот истотака е голем. Место во историјата на клубот си посакува Рио Фердинанд: „Тоа делува повеќе како инспирација отколку како притисок. Притисокот што доаѓа е од внатрешниот стремеж за добар настап и од желбата да се биде запаметен во историјата на Манчестер јунајтед“ -порача Фердинанд.


Менаџерот на тимот Алекс Фергусон од другастрана веќе ја има освоено Лигата на шампионите во 1999-та година, но да се напише историја со овој извонредно силен и мотивиран тим на „Црвените ѓаволи“ , е голем предизвик -рече Шкотланѓанецот „Ако морам да кажам, далеку е подобро да се има историја, отколку да се нема“

Историското англиско финале во Лигата на шампионите започнува вечерва во 20 часот и 45 минути по средно-европско време.