1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Источна Либија прогласи полуавтономија

6 март 2012

Племенските лидери и команданти на милиции во источниот дел на Либија, кој е богат со нафта, прогласија полуавтономна република. Церемонијата се одржа во градот Бенгази.

https://p.dw.com/p/14FtS
Фотографија: dapd

Илјадници племенски лидери, команданти на милиции и политичари денеска (06.03) во Бенгази избраа Совет, кој би требало да ги регулира прашањата на новиот регион, кој се протега од пристанишниот град Сирте до египетската граница. За претседател на Советот е избран Ахмед ал-Зубаир, кој во времето на Гадафи беше политички затвореник со најдолг стаж. Ал Зубаир е член и на Националниот преоден совет, односно централната Влада на Либија. Тој најави дека ќе ги заштитува правата на регионот и даде уверување дека неговиот Совет признава оти Националниот преоден совет ги регулира меѓународните прашања на земјата.

Новиот Совет во Бенгази го отфрла новиот изборен закон, според кој за источниот регион се предвидени 60 од вкупно 200 пратенички места. Изборите треба да се одржат во јуни. Националниот преоден совет повеќепати се изјасни против полуавтономен регион на истокот и предупреди дека е можен распад на земјата.

Автор: ЕМФ/дапд

Редактор: Б. Георгиевски