1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истрагата молчи – врие од шпекулации

29 април 2008

По неуспешниот напад врз авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, САД демонстративно му изразија поддршка.

https://p.dw.com/p/DqQE
Калкулирано спокојство или повеќе страв? Карзаи на парадата на која беше стрелано врз негоФотографија: AP

Нападот покажа дека Авганистан има решителни непријатели кои се обдуваат да напрват се да го уништат демократскиот напредок во земјата, изјави американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс. Каква е ситуацијата во Авганистан по нападот?

Авагнистанскиот претседател Карзаи се однесува како ништо да не се случило. Во строго обезбедената палата во центарот на Кабул, тој го прими претседателот на Туркменистан. На прес-конференцијата не изговори ниту збор за нападот на воената парада претходниот ден во кој само среќа му го спаси животот. Прашања од новинарите не беа дозволени. И иследниците молчат. Единствено се вели дека истрагата е во тек и се прават напори да се откријат организаторите. Останува нејасно дали се уапсени некои од напаѓачите. Ниту пак има одговор на суштинското прашање: како можеле шестемина напаѓачи да дојдат толку блиску до почесната трибина на парадата. Јасно е само тоа дека тие се сокриле во една трикатна куќа на оддалеченост од само 300 метри. Но, како стигнале таму и покрај големите мерки за безбедност? Неофицијално, од кругови на истрагата, се вели дека напаѓачите носеле армиски и полициски униформи, но официјално тоа не е потврдено. Подеднакво како што не е потвредно ниту демантирано тврдењето на Талибанците дека тие се одговорни за нападот со кој сакале да покажат дека можат да нападнат секогаш и секаде.

Молчењето на истрагата отвора можности за различни шпекулации. Дали зад нападот се кријат Талибанците или можеби екстремистичкиот екс-премиер Хекматјар? Дали напаѓачите имале помош од државниот апарат? Учествувале инсајдери, изјави министерот за развој Јусуф Паштун за телевизија Ал Џазира:

„Тие луѓе не сакаа да ја погодат почесната трибина, туку да предизвикаат хаос. Затоа имам чувство, иако немам доказ, дека напаѓачите биле водени од некои на трибината. Значи, не сакаа да ги погодат сопствените луѓе. Тврдам дека некој од системот соработувал со напаѓачите“, изјави министерот Паштун.