1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истрага за израелската доселеничка политика

СН/ЖА/афп/миа/дапд23 март 2012

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја отфрли одлуката на Советот за човекови права на ОН за формирање меѓународна анкетна комисија за истрага околу израелските населби на палестинските територии.

https://p.dw.com/p/14PgV
Фотографија: picture-alliance/dpa

Советот за човекови права на ОН донесе одлука за почеток на независна меѓународна истрага за израелската доселеничка политика. За соодветната резолуција, која беше предложена од Пакистан и од Палестинците, во седиштето на Советот во Женева гласаа 36 од вкупно 47 земји-членки на ова тело на Светската организација. Резолуцијата предвидува независна делегација да ги провери последиците кои израелските доселенички населби на Западниот Брег ги имаат врз политичките, економските, социјалните и културните права на палестинскиот народ. Израелскиот премиер Банјамин Нетанјаху ја критикуваше одлуката на советот како „лицемерна“.

„Тоа е лицемерен совет со автоматско мнозинство против Израел“, изјави Нетанјаху, откако Советот на ОН за права на човекот гласаше во полза на истрагата.

„Тој совет треба да се засрами. До денес донел 91 решение од кои 39 се однесуваат на Израел, три за Сирија и едно за Иран“, нагласи израелскиот премиер.

Советот вчера одобри уште четири резолуции со критики за Израел.

Околу 300.00 Израелци живеат во еврејски населби на територијата на Западниот Брег, регион на кој претендираат Палестинците. Израел смета дека тој спор може да се реши по мирен пат.