1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истрага по нападот во Истанбул

Исмет Кочан 10 јули 2008

По нападот пред американскиот конзулат во Истанбул, сеуште се непознати сторителите и организаторите. Сомнежите се насочени кон Ал Каеда. Во истрагата на турските власти активно се вклучени и американски претставници.

https://p.dw.com/p/EZaq
Турската полиција пред конзулатот на САДФотографија: AP

При престрелка пред американскиот конзулат во турската метропола Истанбул убиени се шест лица. Меѓу убиените се тројца полицајци и тројца од напаѓачите, кои ја почнаа вчерашната престрелка со безбедносните сили. Полицијата не исклучува дека станува збор за терористички чин на членови на Ал Каеда. Еден од вкупно четворицата атентатори е во бегство.