1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исчезна авион на Ер Франс

1 јуни 2009

Авион на Ер Франс со околу 230 патници и членови на екипажот исчезна на летот од Рио де Жанеиро за Париз.

https://p.dw.com/p/I1TW
Авион на Ер ФрансФотографија: AP

„Многу сме загрижени“ - изјави кусо претседателот на Франција, Никола Саркози, а одговорните лица на парискиот аеродром Шарл де Гол, одат чекор понатаму. Портпарол на аеродромот буквално кажа: „Веќе нема надеж“.

Авионот на Ер Франс полета од аеродромот во Рио де Жанеиро, синоќа, во 19 часот по локално време. Авионот требаше да слета денеска во 11 часот и 15 минути во Париз. Во авионот на Ер Франс, Ербас А330 - 200, се наоѓаат 231 патници и членови на екипажот. Релативно кратко време по полетувањето од Рио де Жанеиро, авионот исчезнал од радарите. Ова е честа појава при трансатланските летови. Она што овојпат загрижува е што изчезна сигналот. Властите во Бразил, веќе испратија спасувачки екипи кои би требало да го лоцираат авионот. На аеродрмот Шарл де Гол во Париз е формиран кризен штаб.

Vermisstes Air France Flugzeug
Аеродромот во Рио де ЖанеироФотографија: AP

Според првичните информации постои сомневање дека авиoнот на Ер Франс бил удрен од гром поради што паднало снабдувањето со електрична енергија.

Ербас А330 е авион кој најчесто се користи за трансатлантски летови. Тој се смета за еден од најбезбедните авиони. Последната голема несреќа на авион на Ер Франс се случи пред четири години во Торонто. Тогаш сите патници и членови на екипажот ја преживеаја несреќата. Во биографијата на Ер Франс е запишана и авионската несреќа на авионот од типот Конкорд, во јули 2000 година.


Автор: Кристоф Вес / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска