1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италија во поход по нов премиер

АТ/ дпа/ дв22 декември 2012

Премиерот на Италија се смета за човек од доверба. Ова го потврди и со последниот потег: верно на најавата од 8. 12. поднесе оставка по усвојувањето на буџетот. Претседателот Наполитано се очекува да распише нови избори.

https://p.dw.com/p/177ty
Фотографија: Reuters

Еден ден по оставката на италијанскиот премиер Марио Монти, претседателот Џорџо Наполитано денеска се среќава со претседателите на политичките партии на разговори за иднината на земјата.

Се очекува Наполитано да го распушти италијанскиот парламент и да закаже нови избори, најверојатно на 24. февруари 2013.

Италијанскиот премиер Марио Монти по 13 месеци на функцијата поднесе оставка. Кратко пред тоа парламентот со големо мнозинство го усвои буџетот за наредната година. Уште пред две недели професорот по економија и поранешен еврокомесар најави дека откако ќе биде усвоен буџетот на Италија тој ќе се повлече. Како причина за ваквиот чекор тој наведе дека неговата влада нема да има мнозинство во парламентот, откако и‘ беше откажана поддршката од партијата на поранешниот премиер Силвио Берлускони.

69 годишниот Монти премиерската палка ја презеде во ноември 2011 во зенитот на финансиската криза, по оставката на Берлускони. Неговиот мандат бил „тежок, но фасцинантен“, изјави вчера Монти. „Пред една година оваа влада започна со работа. Денес, а тоа не е вина на пророштвото на Маите, мора да ги напуштиме нашите функции“, рече Монти неколку часови пред оставката.

NO FLASH Symbolbild für die Krise des Euro und Italien
Фотографија: picture alliance/dpa

За иднината на Монти се шпекулира многу. Дали повторно ќе се кандидира е неизвесно. За утре тој најави прес-конференција. Економистот, кој не е партиски определен, на претстојните избори би можел да предводи коалиција на центарот со која би можел да се спротивстави на централно-левичарските сили. Поранешниот италијански премиер Берлускони неодамна објави дека лично би се откажал од кандидатура за премиерската функција во корист на Монти, доколку тој предводи сојуз на централно-десничарските политички сили.