1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италија е следниот пациент?

Дирк Кауфман/ Александра Трајковска15 јуни 2012

По Шпанија, Италија се‘ повеќе запаѓа под притисок. Австриската министерка за финансии смета дека третата по големина економија во еврозоната ќе мора да побара европска помош.

https://p.dw.com/p/15EUQ
Фотографија: picture-alliance/dpa

Италија за свежи пари мора да плаќа се’ повисоки камати. На почетокот на неделава владата во Рим мораше да гарантира за државните обврзници до 6,6, проценти. Инвеститорите се обидуваат да ги продадат нивните италијански хартии од вредност, а трговијата со осигурувањата за случај на неможност за исплаќање на кредитот цвета. Владата на Марио Монти се наоѓа се’ повеќе под притисок.

Владата на Рахој во Мадрид пак туку што мораше да се соочи со фактот, дека нивните банки се во безизлезна ситуација и не можат повеќе да се спасат, без за тоа да се побара помош од Брисел. Австриската министерка за финансии Мариа Фектер не ја исклучува можноста дека сличниот потег ќе треба да го направи и владата во Рим. За австриската телевизија на почетокот на неделава изјави дека Италија најпрво би морала да се обиде се’, за со сопствени сили да се извлече од должничката стапица.

Друга димензија

Шпанија, четвртата економија по големина во еврозоната мораше да се соочи со фактот дека своите проблеми не може да ги реши без помошта од Брисел. Доколку Италија, третото по големина стопанство во Европа исто така би морала да тргне по тој пат, тоа ќе ја доведе европската должничка криза на ново ниво.

Symbolbild Euro Schuldenkrise Spanien Italien Staatsanleihen Härtetest
Фотографија: picture-alliance/dpa

Споредбата меѓутоа на италијанските и шпанските проблеми открива битни разлики. Јирген Фистер, главен економ во банката Бајерн ЛБ, во разговор со ДВ ги наведува разликите: „Италија нема банкарски проблем, бидејќи нема ниту пропаднат бум со недвижности, како Шпанија“. Актуелните потешкотии на Рим се на пример во падот на стопанските достигнувања. Тоа, смета Фистер е резултат на мерките на штедење на владата на Монти. Исто така може да се очекува, дека поради тоа „и наредната година ќе се чувствуваат кочниците во стопанството“.

Сепак Рим во напорите за намалување на новите задолжувања, во споредба со Шпанија е многу подалеку. Додека Италија се движи кон квота на дефицит од два проценти, „Шпанија, ако имаме среќа, оди во правeц на 6,5 проценти“. Освен ова има и други причини кои говорат за тоа дека Рим ќе биде повеќе во можност да ги стави своите проблеми под контрола, отколку тоа што може да го стори Мадрид.

Сенка на изборите

Очекувањата од актуелната италијанска влада на технократи под раководство на Марио Монти беа големи. Но, според гледиштето на Јурген Фистер, таа не можеше да ги исполни очекувањата. Конечно и влада од технократи мора да се погрижи за тоа да биде реизбрана, ако сака да ја спроведе својата работа на подолг временски период. Оттука изборите, кои треба да се оддржат идната година уште сега фрлаат сенка и кабинетот на Монти го претвораат во „влада за една употреба“.

Italien Mario Monti
Италијанскиот премиер Марио МонтиФотографија: dapd

Јирген Фистер, наспроти ставот на австриската министерка за финансии Мариа Фектер не очекува дека Рим ќe побара европска помош. Тој е уверен дека Италијанците самите можат да ги решат своите проблеми. Но, што ако не? Тогаш, вели Фистер еврозоната ќе има уште еден проблем: „Спасувачките чадори дури и во проширена форма нема да бидат доволни за Италија“.