1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италија и Европа ќе мораат да менуваат нешто во политиката кон мигрантите

Карл Хофман / Александар Методијев8 октомври 2013

Кога многу од загинатите мигранти во несреќата кај Лампедуза ќе бидат закопани, на површина ќе остане прашањето - што ќе биде со преживеаните? Италија и Европа не можат да се справат со проблемот со мигрантите.

https://p.dw.com/p/19vzo
Фотографија: picture alliance / dpa

Шариф седи под сенка на бетонски ѕид во прифатилиштето за мигранти во Марина Гранда, на крајот на островот Сицилија. Тој тука живее од пред повеќе од една година. На крајот на неговото бегство кон Европа, тој со бродот завршил на Лампедуза и на крајот е донесен во прифатилиштето во Сицилија. Тој потекнува од Сомалија.

„Таму имаме проблеми, има војна и никој не знае кога ќе и’ дојде крајот. За нас и во Италија е многу тешко, но сепак подобро отколку во нашата земја“, објаснува Шариф.

Тој живее со над 100 други мажи во голема сала за спиење. Шариф смее да го напушти мигрантскиот камп, но тој се наоѓа со километри оддалечен од следниот голем град Трапани. Шариф не знае кога ќе може да го започне новиот живот во Европа. Новиот прилив на бегалци двојно го зголеми времето на чекање на одговорот за поднесеното барање за азил. Можеби ќе потрае уште една година, додека Шариф да добие одговор. Италијанската бирократија едноставно е преоптоварена.

Притвореници без права

Шариф мора да има трпение. Многу полошо се погодени имигрантите кои се однесени и затворени во камп за идентификација и депортација, попознат како ЦИЕ. Таму илегалните доселеници можат да бидат притворени до 18 месеци со цел, како што се вели, идентификација. Оние кои можат бегаат преку четириметарските огради со решетки.

Flüchtlingslager in Sizilien Porto Empedocle
Камп за мигранти на СицилијаФотографија: DW/K. Hoffmann

„Во моментов неколку се повторно искршени и раширени. Во меѓувреме ова тука се случува секојдневно. Навечер овде речиси и да не може да се спие, поради бучавата во кампот. Да, луѓето во кампот врескаат и се револтирани“, објаснува еден жител на кампот во Трапани-Мило на Сицилија.

Италијанскиот систем за прифаќање на доселеници е целосно оптоварен. Додека државата се обидува да ги заплаши имигрантите со притворски методи, тие и натаму доаѓаат со бродови и по нивното пристигнување бегаат, како што бегаат и од бегалските кампови.

Чуварските служби велат дека се беспомошни, бидејќи се бројно помали и се обидуваат да избегнат примена на сила. Доселениците создадоа итна потреба од градење на нови прифатилишта за азиланти. Италијанскиот министер за внатрешни работи Анџелино Алфано најави изградба на нови бегалски кампови, со што ќе се прошират прифатните центри за барателите на азил „до капацитет од 16.000 места во целата земја“.

Италијански критики на европското законодавство за азиланти

Под знак прашалник е дали ова нешто ќе промени, бидејќи голем дел од имирантите, дури и без документи, го продолжуваат патот од Италија кон другите европски земји. Затоа Алфано најави и масовна иницијатива на Италија против важечкото европско законодавско, според кое секој имигрант останува во европската земја во која најпрво пристигнал.

Angelino Alfano Popolo della Libertà
Италијанскиот министер за внатрешни работи Анџелино АлфаноФотографија: AP

„Сицилија не е само италијанска граница, туку исто така и европска надворешна граница. Луѓето со бродовите не доаѓаат овде за да лежат на нашите плажи, туку тие сакаат да продолжат натаму во другите европски земји кај своите роднини. Ние со сета сила ќе се заложиме за тоа европското законодавство за азиланти во овој дел да се промени. Европа не може да бара да се грижиме за имигрантите без самата да мрдне со прст“, изјави Алфано.

Исто така и претседателката на италијанскиот парламент Лаура Болдрини, која е поранешен портпарол на Комесарот на ОН за бегалци во Рим, по катастрофата во Лампедуза ја критикуваше досегашната европска бегалска политика. Во 28-те земји членки на ЕУ има 28 различни регулативи за барателите на азил и имигранти. Според неа, доколку земјите-членки не се откажат од своите закони во овој дел, тогаш не може да стане збор за Европска унија.

Остри критики се упатуваат и на сметка на домашното законодавство, кое забранува рибарите да земат бегалци од бродовите, доколку бродовите можат и натаму да продолжат да пловат. Рибарите мораат повеќе пати преку радиоврска да ја информираат безбедносната служба во Рим, која потоа ќе ја алармира крајбрежната стража. Ова временско одложување на акцијата можеби чинеше живот голем број луѓе во последната катастрофа пред островот Лампедуза.

По оваа несреќа треба да се дискутира не само за времето, туку и за безбедноста и слободата на мигрантите. Министрите за внатрешни работи од ЕУ барем сакаат да дискутираат за тоа.