1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италија ја обвини Г4 за вршење притисок

27 јули 2005

Во драматичен настап пред ОН, Италија ја обвини Германија и нејзините партнери од т.н. група четири дека врши притисок врз сиромашните земји во обидот да добие постојано место во Советот за безбедност. Доколку сиромашните не ги поддржат амбициите на Германија, Јапонија, Индија и Бразил, изјави италијанскиот амбасадор во ОН, Марчело Спатафора, ним ќе им биде скратена развојната помош. Германскиот амбаса

https://p.dw.com/p/AcDg
Фотографија: DW

дор во светската организација, Гунтер Плојгер, ги отфрли обвинувањата на Италија.

Тоа беше неочекуван и невообичаено остар напад на италијанскиот амбасадор во Он, Марчело Спатафора. Пред полупразен пленум во ОН тој рече:

“Она што се работи во некои главни градови е срамота. И, време е сите оние кои се за ОН да станат и да речат: Што е доста, доста е!“

Она што го возбуди Италијанецот е вистинското или замисленото сомневање дека групата четири ја користи својата економска и политичка моќ за да ги принуди другите земји да го поддржат нејзиниот модел за реформи, и на тој начин да се обезбедат постојаните места во Советот за безбедност за Германија, Јапонија, Бразил и Индија. Како конкретен пример на вршење притисок, Спатафора го наведе случајот на земја во развој на која земја од групата четири и скратила половина милион долари за проект за помош на деца, поради тоа што не сакала да се согласи со проширување на Советот за безбедност со уште шест нови постојани членки. За која земја во развој се работи и кој вршел притисок, тој не наведе, иако како вистински донаторски земји, предвид доаѓаат само Германија и Јапонија.

Германскиот амбасадор Гунтер Плојгер ги отфрли обвинувањата и рече дека политичката дискусија нема да се води на такво ниво. И покрај жестоката размена на удари, Г4 сеуште има надеж дека ќе го добие потребното двотретинско мнозинство во Генералното собрание на ОН за прерабтоената резолуција, која зема предвид и аспекти од еден предлог на Африканската унија. Според нејзе, во Советот за безбедност едно постојано место треба да биде резервирано за земји од јужната половина на земјината топка. Компромисот, според наводи на дипломати, би можел да биде презентиран веќе на крајот на неделава.