1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ИТ талентите учат во Македонија, а работат по светот

Милчо Јованоски17 февруари 2013

На Универзитетот за информатички науки технологи во Охрид се одржува маратон во програмирање. Студирањето информатика е тренд и гаранција за идна добро платена работа. Сепак македонските ИТ таленти заминуваат по светот.

https://p.dw.com/p/17fmW
Фотографија: DW

Викенд е, а во Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид е мошне живо. Во големиот амфитеатар се одржува првиот 24-часовен маратон во програмирање. Иницијатори се студнетите Јасна Тренгоска, Александар Митревски и Вилијам Асиама. Но, тие не се сами - имаат поддршка од речиси сите колеги. Идејата за Codefest ја добиле по ноемврискиот 48-часовен натпревар во Скопје каде нивни екипа и студенти освоија награди во повеќе категории. Ни беше интересно и сакавме да направиме нешто слично и во Охрид, велат Александар и Вилијам:

„Откако се најавивме на Фејсбук веднаш забележавме поголем интерес од планираното. Се натпреваруваат околу 60 студенти во 12 тимови. Се пријавија учесници и од средните училишта, но на почетокот на маратонот ги немаше. Не израдува посетата на заинтересирани осмооделенци кои од љубопитство дојдоа да видат што се случува тука“.

Најголем дел од тимовите ќе го приспособуваат новиот оперативен систем на Мајкрософт - Виндоус 8, односно ќе бараат софтверски решенија за одредени негови недостатоци. Дел од учесниците ни рекоа дека ќе создаваат нови веб и мобилни апликации и компјутерски игри кои би биле интересни за пазарот.

Тренд да се биде информатичар

„Во рамките на Microsoft заедницата во Македонија, на пример, последниве години се почесто се организираат вакви и слични настани. Во Скопје функционираат групи во кои има друи и до 1.000 членови, веќе завршени инженери и студенти. Преку сите настани се обидуваме да им ги доближиме технологиите до нив и преку натпревар и забава да го покажат својот интерес и талент“, додава Хајан Селмани, ментор и Microsoft MVP и Microsoft експерт кој моментално работи во Сивус Едукативниот центар. Тој ни потврдува дека во Македонија владее тренд завршените средношколци да се запишуваат на информатички технологии. Но, тоа не значи дека колкав што е бројот на студентите дека толкав е и квалитетот. Информатичките факултети имаат клубови кои што им помагаат на студентите да организираат неделни или месечни настани преку кои ќе го споделуваат знаењето, вели тој.

IT Programmier-Marathon Ohrid Mazedonien
Хајан СелманиФотографија: DW

Талентите ги сака секој

На маратонот по информатика во Охрид беа доделни низа награди. Каква ќе биде судбината на талентите - ќе останат во Македонија или ќе го фатат патот под нозе во потрага по добра заработувачка и перспеткива низ светот? Никој од сега не знае. Но, никако да се прекине синџирот Македонија да ги образува, а други условно да ги користат нејзините умови.

„И овој настан покажа ако идните информатичари се здружуваат во тимови дека ќе се создаде голем потенцијал, тука во Македонија. Со текот на времето дел од нив можеби ќе основаат сопствени компании. Така со одредени иновативни идеи коишто ги имаат или кои ќе ги развијат ќе придонесат во развојот на општеството. Во Агенцијата за вработување речиси и да нема невработени лица од оваа струка. Во македонските фирми тие се релатвно добро платени во споредба со останатите професии. Но, сепак дел од нив ќе заминат во странство. Луѓето со висок талент се барани насекаде и многу македонски информатичари се веќе таму“, вели експертот по информатика Орце Петрески. Според него информатичарите од Македонија се веќе фактор на странскиот пазар. Но, тие работат и од дома - од Македонија, за многу странски фирми. Многу се барани софтвер програмерите, графичките дизајнери, луѓе кои развивваат апликации за мобилни уреди и слично.

Hamburg 29. Jahreskongress (29C3) des Chaos Computer Clubs
Луѓето со висок талент и знаење за компјутерско програмирање се барани насекаде низ светотФотографија: picture-alliance/dpa

Добрата заработка во странство – мотив да се замине од дома

„Сметам дека кај нас во Македонија ИТ кадрите не заработуваат толку колку што вложуваат, споредено со нивните колеги низ светот. Можеби тоа е причината што голем дел од младите кои завршиле информатика решиле да заминат од дома или да останат тука и да бидат ангажирани за странски фирми. Јас искрено се надевам дека ќе успеам да возвратам во развојот на овој универзитет и државата во целост. Како студенти веќе рабтиме одредени проекти, кои се фокусирани кон отворениот пазар“, ни открива Јасна, студент на четврта година на универзитетот во Охрид. Во јавноста често кружат успешни приказни поврзани со млади и талентирани информатичари, кои заминале на доусовршување на мастер и докторски студии надвор од Македонија и ретко кој од нив се вратил назад.