1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ИФА саемот заврши

7 септември 2006

Синоќа во Берлин беа затворени портите на годинашниов меѓународен саем за телекомуникации – ИФА. Шест дена публиката можеше да ужива во најновите производи и иновации во оваа бранша. Се случи и премиера: саемот првпат се одржа по една, а не по две години како порано и така ќе остане. Дали се исплаќаше?

https://p.dw.com/p/AeKw
Бум и профит на ИФА, а што друго!
Бум и профит на ИФА, а што друго!Фотографија: AP

Очекувањата се исполнија: бум во браншата – забавна електроника, што се потврди во нарачките од трговијата. Сите големи марки профитираа од еден тренд, како што вели претседателот на извршниот одбор на забавната и комуникациската електроника, Рајнер Хекер:

„Потрошувачот се’ повеќе се решава за марка. Точно можеме да констатираме поделба на пазарот: едни за едноствано и ефтино. Други: скапо, дизајнирано и квалитетно„.

Многу од преку илјадата излагачи од 32 земји се враќаат дома полни со нарачки, како што вели портпаролот на саемот Михаел Хофер во првиот биланс на ИФА:

„Исклучителен резултат кој не е забележан само во книгите на излагачите, туку и во волуменот зделки кој индустријата го проценува на преку 2 ипол милијарди„.

Меѓутоа, меѓу излагачите не можеше многу да се забележи од ваквата еуфорија, зашто во иднина ќе треба секоја година да доаѓаат во Берлин. Не се малку фирмите што си го поставуваат прашањето: ИФА во Берлин или ЦЕБИТ во Хановер. Некои познати фирми годинава воопшто не се појавија на ИФА, а оние што дојдоа уште не решиле каде во иднина. Публика сепак, имаше доволно: саемот го посетија 225 илјади, што е барометар за интересот за производите во оваа бранша.