1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ИФО: За Германија е поевтин излез на Грција од еврозоната, отколку останување

ЕМФ/ард/дпа25 јули 2012

Банкрот на Грција би ги чинел германските даночни обврзници 82 милијарди евра, пресмета Ифо-институтот од Минхен. Ако земјата остане во еврозоната, трошоците би биле 89 милијарди евра.

https://p.dw.com/p/15eVR
Фотографија: Igor Ostapchuk - Fotolia

Експертите на институтот Ифо, со седиште во Минхен, велат дека разликата во сумата се должи на тоа што во случај на останување на Грција во еврозоната, Европската централна банка би морала да гарантира за загубите кои произлегуваат од неуспешните побарувања што Грчката централна банка ги има кај грчките банки.

Во двата износа инаку, според институтот Ифо, се содржани исплатените пари од двата пакети за спас за Грција, парите за купување на грчки државни обврзници од страна на централните банки на евро-земјите, таргет-обврските на Грчката централна банка, обврските на Грција поради натпропорционалното печатење банкноти и побарувањата на Грчката централна банка кај грчките банки. Она што не е земено предвид се загубите поради отписот на долговите што ги имаат германските банки, осигурувањата и другите приватни доверители.

Инаку, Ифо-институтот денеска (25.07) ги објави и најновите резултати од истражувањето на расположението на германската економија, кои се влошуваат. Германската економија се‘ повеќе влегува во вителот на еврокризата - помалку договори за работа, намалено производство, кратење на работни места во индустријата... Индексот на климата на деловно работење што го пресметува Ифо-инстиутот се намалува и тоа изненадувачки многу. Тој во јули паднал од 105,2 на 103,3 поени. Индескот се прави врз основа на проценката на претпријатијата на актуелната состојба, како и изгледите за работење во наредниот период. „Рецесија во Германија не е на повидок, но пад е видлив“, вели експертот за конјуктура од Ифо, Гернот Нерб.

Deutschland Wirtschaft Bauarbeiter schweißt in Hamburg ifo-Index
Деловната клима се влошуваФотографија: picture-alliance/dpa