1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ишингер на Косово

23 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BXCH

Германскиот дипломат Волфганг Ишингер, претставник на ЕУ во меѓународната посредничка „тројка“ во процесот за решавање на идниот статус на Косово, денеска се очекува да допатува во Приштина, каде што ќе има средби со претседателот Фатмир Сејдиу и со премиерот Агим Чеку. Претставниците на Белград и Приштина на 30 август во Виена одново ќе преговараат за политичката иднина на покраината. Разговорите ќе ги води таканаречената „тројка„ во која освен Европската унија, се и Соединетите Американски Држави и Русија. Рускиот претставник во Москва изјави дека не е на повидок компромис околу прашањето за независноста на Косово.