1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И Баерн во осминафиналето

11 декември 2003
https://p.dw.com/p/AeoO
Синоќа завршија преднатпреварите по групи во европската лига на шампионите. Покрај Штутграт и Баерн избори пласман во осминафиналето. Извлекувањето на двојките за осминафиналето ќе биде извршено утре во швајцарскиот град Нион.

Баерн од Минхен синоќа со големи маки го совлада белгискиот Андрелехот со голот од пенал на Рој Макаи. Менаџерот на Баерн, Ули Хенес објаснува:

"Мислам дека одигравме добро прво полувреме за потоа необјасниво да им ја препуштиме играта на Белгијанците и тогаш вистина беше опасно. Во последните минути секој напад беше многу опасен и тоа чини многу нерви". Покрај Баерн од оваа група како прв натаму оди и Олимпик од Лион кој дома го совлада Селтик од Глазгов со 3 спрема 2. Во групата "Б" Арсенал од Лондон ја победи московска Локомотива со 2 спрема 0 и заедно со московјаните се најде во осминафиналето. Динамо Киев и Интер од Милано играа нерешено 1 спрема 1 што на Италијанците не им беше доволно за пласман. Во групата "Ц" холандскиот Ајндховен и покрај победата над Депортиво ла Коруња од 3 спема 2 не успеа. Шпанците имаат еден гол подобра разлика. Монако одигра 0 спрема 0 со атински АЕК што му беше доволно за првото место во групата. Во групата "Д" Јувентус високо го порази Олимпијакос од Пиреа со 7 спрема 0. Од оваа група, покрај Јувентус за натамошните натпревари се пласира и шпанскиот клуб Сан Себастијан по нерешниот резултат - 1 спрема 1 - со истанбулски Галатасарај.