1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И борбата за трето место може да биде убава

10 јули 2010

Утре ќе се знае победникот на ФИФА СП во фудбал, Шпанија или Холандија, а германската репрезентација денеска игра со Уругвај за третото место во Порт Елизабет во Јужноафриканската Република.

https://p.dw.com/p/OFqd
Да се замине од ЈАР со победа е последната цел на германската репрезентацијаФотографија: AP

Германците по седмипат се наоѓаат во „мало финале“ на едно СП во фудбал, почесто отколку било која друга екипа. Поранешниот германски репрезентативец Франц Бекенбауер е полн со надеж: „Се надевам дека ние ќе го добиеме денешниот натпревар и ќе го освоиме третото место. Тогаш земјата ќе и‘ оддаде признание на репрезентацијата.“

Фудбалерирте сакаат дома да се вратат со успех, потенцира и Оливер Биерхоф, менаџерот на германската национална екипа: „Да се заврши еден ваков турнир со победа, да се имаат позитивни сеќавања на последната игра, е навистина добро. И за третото место постои медал, и тоа е убав спомен. По полуфиналето, ова сигурно е можност за играчите да играат малку послободно, да презентираат поубав фудбал, ослободени од притисокот дека се работи за многу голема цел.“

Шанса за играчите кои не настапија

Symbolbild FIFA WM 2010 Spiel um Platz drei Uruguay Deutschland
Германија ќе се бори за третото место против УругвајФотографија: DW

Статистиката во секој случај е на страната на Греманците. Во девет средби на селекциите на Германија и Уругвај, само еднаш, на Олимписките игри во 1928 година во Амстердам, победиле Уругвајците со 4 спрема 1. Капитенот на германската фудбалска репрезентација Филип Лам порадо би играл утре во Јоханесбург за титулата светски првак, но сепак се радува и на играта за третата позиција: „Пред четири години видовме дека и борбата за трето место може да биде убава. За нас 2006 година беше многу убаво доживување. Ќе биде добро ако го добиеме овој меч.“

Околу учеството на Филип Лам во вечерашниот натпревар стои еден мал знак прашалник, исто како и за Лукас Подолски. Тие исто како и тренерот Јоахим Лев, имаат симптоми на грип. Мирослав Клозе има проблеми со грбот, но тоа може да значи шанса за играчите кои се‘ уште не настапија на ова првенство.

Автор: Јоахим Фалкенхагел / Жана Ацеска

Редактор: Трајче Тосев