1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И „Дојче телеком“ во визирот на ЕУ

АТ/ дпа/ афп/ ртр11 јули 2013

Повторен сомнеж за злоупотреба на пазарот и договор за цените за пристапот на интернет: Комисијата на ЕУ започна истрага против повеќе европски фирми поради наводен монопол. Меѓу нив и „Дојче телеком“.

https://p.dw.com/p/196QP
Фотографија: Imago

Комисијата на ЕУ спорведе рации во повеќе земји при што беше извршен претрес во канцелариите на фирмите за телекомуникации. На листата на истржните органи се најде и „Дојче телеком“. Комисијата на ЕУ денеска во Брисел соопшти дека постои сомневање дека понудувачите на пристап до интернет го прекршиле европското право, на пример при договрање на цените или поделба на пазарот. Доколку се утврди прекршување на правилата на фирмите им се закануваат парични казни до десет проценти од годишниот обрт. Според информации од кругови во браншата, освен во Германија рации биле спроведени и во Франција и Шпанија.

Комисијата на ЕУ укажува изричито на значењето на пазарот. Сервисот на интернет понудувачите бил особено важен, за потрошувачите брзо и поволно да можат да сурфаат на интернет - независно од централата на провајдерот.

Обвинувањата се отфрлуваат

„Дојче телеком“, денеска (11.07.) на прашање потврди дека бил извршен претрес, но изрази „големо зачудување“ за постапката на Комисијата. „Досегашните обвинувања се покажаа како неосновани. Затоа беа сопрени соодветните процеси на националните регулаторни власти, кои интензивно се занимаваа со проблематиката“, нагласи еден портпарол. „Дојче телеком“ на меѓународниот пазар за интернет сообраќај бил изложен на интензивна конкурентност. „На овој пазар доминираат големите американски понудувачи, оттука ние овде сме погрешниот адресат“. „Телеком“ работел интензивно со властите за расчистување на ситуацијата.

Според Комсијата на ЕУ рацијата била првиот чекор. Засега нема рок до кога би требало да биде завршена проверката. Договарање на цените и пазарите на штета на потрошувачите и клиентите се строго забранети во ЕУ.