1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И Герхард Шредер бил прислушкуван

СН/бг/ндр/сз/дпа5 февруари 2014

Американската разузнувачка служба НСА го прислушкувала и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, велат истражувањата на два германски медиуми.

https://p.dw.com/p/1B2rR
Фотографија: AP

Телевизијата Норддојче Рундфунк (НДР) и весникот Зидојче цајтунг (СЗ) се повикуваат на извори во американската влада и во самата НСА според кои надзорот на поранешниот канцелар Герхард Шредер (на насловната фотографија заедно со поранешниот американски претседател Џорџ Буш помладиот) започнало најдоцна во 2002 година. Тој бил прислушкуван од страна на разузнувачката служба НСА под бројот 388, јавуваат овие два медиуми.

Според нивните извори во владата во Вашингтон и во НСА причина за акцијата за шпионирање на Шредер било неговото „не“ за војната во Ирак, која ја планираше и во 2003. година ја започна тогашниот американски претседател Џорџ Буш помладиот. Покрај тоа во американските владини и разузнувачки кругови постоела загриженост за можно растурање на НАТО. Според весникот Зидојче Цајтунг овие податоци се потврдуваат и преку еден документ од колекцијата на поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден.

Инаку Герхард Шредер Шредер беше германски канцелар од 1998 до 2005 година. По актуелниот извештај, Шредер изјави дека не е изненаден што го шпионирале од НСА, иако во тоа време воопшто и не размислувал за таква можност.

Односите меѓу Германија и САД во текот на минатата година беа затегнати откако Едвард Сноуден разоткри дека американската служба ја шпионирала и кацеларката Ангела Меркел.