1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И најдолгата ноќ во знак на фудбалот

Силвера Падори1 јануари 2006

Околу милион граѓани и гостои на престолнината најдолгата ноќ ја дочекаа на улицата 17 Јуни каде започна и одбројувањето до годинашниот Мундијал

https://p.dw.com/p/AcAC
Фотографија: dpa - Report

Со голем огномет кај Бранденбуршката порта и илјадници помали во сите квартови,, ноќеска Берлин ја пречека новата 2006 година. Со склопувањето на сказалките едновремено е означен и стартот на одбројувањето до почетокот на светското фудбалксото првенство кое од 7 јуни до 9 јули ќе се оддржи во Германија. Околу еден милион граѓани и гости на престолнината се собраа на потегот од Столбот на победата до Бранденбуршката порта да ја испратат старата и да ја дочекаат новата година. Температурата во најдолгата ноќ која беше над нулата им одеше од рака на сите кои побараа забава на 2 километри долгата траса на улицата 17 јуни каде до раните утрински часови се одвиваа диско забави под девет шатори, под големата панорама и на отворено.

Новогодишната забава инаку беше отворена со гала приредбата кај Бранденбуршката порта каде министерот за внатрешни работи Волфганг Шојбле под мотото “Добредојдовте во Германија“ ја стартуваше иницијативата ”Германија -земја на идеи“ со која е даде првиот старт на годинашниот Мундијал. Шојбле на бината ги поздрави претставниците на 31 нација која ќе настапат на Првенството. Гостите претставници на земјите учеснички од бината до одушевената публика ишутираа фудбалкси топки, додека подмладокот на земјата домакин носеше опгромни балони со националните знамиња на земјите учесници на Мундијалот.

Инаку, Берлинчани покрај на улицата 17 Јуни каде наголемо се пиеше сект, се пееше и веселеше, се забавуваа во бројните локали, клубови, дискотеки и во домовите. Во текот на 12 минутен огномет беа испуикани 1.600 ракети, но улиците се до 2 часот наликуваа на воени полиња каде ракети, петарди и други експлозивни тела беа дел од забавата на Берлинчани. Првичните информации од медицинските екипи и противпожарните служби беа дека изминатата ноќ сепак била реалтивно мирна во споредба со претходните години.