1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И ЦИА спроведува истрага за секс-скандалот Петреус

С.Недевски/дв/дпа16 ноември 2012

Американската разузнувачка служба ЦИА започна внатрешна истрага во скандалот околу нејзиниот доскорешен шеф Дејвид Петреус.

https://p.dw.com/p/16kF5
Фотографија: Karen Bleier/AFP/Getty Images

Истрагата на ЦИА се придодава на сличните истражни постапки на федералната полициска служба ФБИ и министерството за одбрана, изјави портпаролот на разузнувачката служба, Престон Галсон во Вашингтон. Внатрешната истрага на тајната служба за аферата Петреус, според Галсон нема да се одвива во некоја конкретна насока , туку станува збор за обезбедување на општи дополнителни сознанија.

„Во ЦИА постојано правиме преглед на своите дејствија. Ако можеме да извлечеме поуки од овој случај, ќе ги искористиме за подобрување на работата. Но немаме намера да ги надминуваме своите надлежности, така што од истрагата не можат да се очекуваат некакви последици“, додаде портпаролот Престон Галсон.

Петреус во минатиот петок поднесе оставка поради вонбрачна љубовна врска со неговата биографка Пола Бродвел. Американските власти сега меѓу другото ја истражуваат дали некогашниот генерал со четири ѕвезди можеби и пренесувал доверливи информации на Бродуел. Двајцата го негираат тоа. Во скандалот беше вовлечен и командантот на американските и на меѓународните трупи во Авганистан, генералот Џон Ален.