1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кабул-Комеморација за загинатите Германци

17 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BVLu

Со комеморација во германската амбасада во Кабул, полицајци војници и цивили се простија од тројцата германски полицајци кои загинаа на почетокот од неделава во напад во Авганистан. Ове е горчлив момент, изјави државниот секретар во министерството за внатрешни работи Аугуст Ханинг, но во Авганистан мора да се смета на напади. Ханинг меѓутоа нагласи дека земјата и покрај тоа не смее да биде оставена на цедило.

Вечер телата на загинатите ќе пристигнат во Германија , каде што утре ќе биде одржана уште една комеморација на која ќе присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел. Сојузната влада, инаку, не ја исклучува можноста од зголемување на бројот војници во контингентот на Бундесверот. Државниот министер во министерството за надворешни работи Гернот Ерлер за весникот „Берлинер цајтунг„ изјави дека во кабиентот веќе се размислува за тоа.