1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каде е Надежда Толоконикова?

ЕМФ/шпигел/дв/афп3 ноември 2013

Веќе две недели нема трага од Надежда Толоконикова, членка на женската панк-група Пуси Рајот, која е во работен логор. Надлежните велат дека е преместена во друг логор, а татко и‘ изјави дека „нема доказ оти е жива“.

https://p.dw.com/p/1AAuF
Фотографија: picture-alliance/dpa

Сопругот на Надежда Толоконикова, Пјотр Версилов, за агенцијата АФП изјави дека не слушнал ништо за сопругата од 22 октомври. Според него, раководството на затворот најверојатно сакало да ја казни Толоконикова со забрана за контакти поради нејзините постојани протести против условите во казнениот работен логор. Затвореничката во септември со штрајк со глад протестираше против условите во логорот, за кои рече дека се рамни на „ропство“. Таа беше пренесена во болница, а по излегувањето оттаму продолжи со штрајкот со глад. На 22 октомври е преместена од логорот каде што досега ја одлежуваше казната, а кој се наоѓа на околу 400 километри оддалеченост од Москва.

Оттогаш, како што тврди Версилов, од нејзе нема ни трага ни глас. Има некои информации дека неговата сопруга била видена во Чељабинск, во Урал, вели Версилов. Таткото на Толоконикова за новинарите рече: „Никој не знае ништо. Нема доказ дека е жива, не знаеме во каква здравствена состојба е“. Руските власти потврдија дека Толоконикова е преместена во друга казнено-поправна установа, но други детали нема.

Russland Prozess gegen Pussy Riot in Moskau Nadeschda Tolokonnikowa und Maria Aljochina
Толоконикова и Аљохина во суд во Москва, јули 2012 годинаФотографија: Reuters

Во судскиот процес против членките на групата Пуси Рајот, кој беше остро криткуван од страна на Западот, Толоконикова, заедно со колешките од групата Марија Аљехина и Екатерина Самуцевич, беше осудена на две години работен логор заради „хулиганство“ и „поттикнување верска омраза“, откако во црквата „Христос Спасителот“ во Москва, отпеа „панк молитва“ против рускиот претседател Владимир Путин.

Пресудата на Толокоњикова и Аљохина ја потврди и второстепениот суд на 10. октомври 2012 година, а казната за Самуцевич е претворена во условна и таа беше ослободена во судската постапка.