1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каде се крие Бин Ладен?

3 јануари 2007

Поранешниот ирачки дикаторот Садам Хусеин е погубен, a во САД веќе се зголемуваат шпекулациите за наводно засилено прогонување на „ државниот непријател број еден“

https://p.dw.com/p/AduL
Осама Бин Ладен
Осама Бин ЛаденФотографија: AP

Каде се крие Осама Бин Ладен ? Ова прашање си го поставуваат не само демократите во aнти – Буш телевизискиот спот, туку и многумина други Американци. Шпекулациите се зголемуваат, а дополнителна причина за тоа е и изјавата на советничката на претседателот Франсис Фрагос Таунсенд. Во интервју за телевизската станица Си Ен Ен таа кажа: „Дали мислам дека ние ќе го фатиме? Знам! Прашање е само дали тоа ќе се случи оваа година. Има засилени активности во ЦИА и кај нашите партнери во Пакистан.“

Во САД веќе одамна расте нерасположението, а една главните политички цели на демократите, кои од утре ќе имаат мнозинство во двата дома на конгресот е да се фати „главниот терорист“. Сенаторот Карл Левин вели „Ќе ги прашам нашите команданти, дали би помогнале дополнителни трупи меѓу нив и специјалци.“

Но ветераните во потрагата на Бин Ладен се скептични. Поранешниот шеф на тајните служби Гери Бернтсен смета дека овојпат точно треба да се знае каде се крие Бин Ладен „Тоа е работа на тајните служби. Прво мора да пронајдеме каде е тој. Тоа не е работа на специјалните единици.“

Проблемот е што според мислење на инсајдерите, во моментов ниту ЦИА нема доволно конкретни сознанија.

Поранешниот вице шеф на службата Џон Мек Лолин со свој совет до американската влада:

„За потрагата, треба да употребат повеќе агенти отколку досега. Луѓе кои имаат одговорачко потекло и соодветни јазични познавања.“

Но кога ќе се стигне до таму тогаш ќе се наметне и политички проблем: Доколку Бин Ладен навистина се крие во Пакистан, догаш Америка според договорот со Исламабад не би смеела самата да нападне. Барем во теорија, праксата би можела да изгледа поинаку, тоа веќе го навести и американскиот претседател Џорџ Буш.