1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каде се последните нацистички злосторници?

ЖА/ард23 јули 2013

„Доцна. Но не предоцна. Операција последна шанса“, под ова мото Центарот Симон Визентал сака да влезе во трагата на последните живи нацистички злосторници во Германија. Закачени се 2000 плакати низ Берлин, Хамбург и Келн

https://p.dw.com/p/19D7E
Фотографија: picture-alliance/dpa

Целта на иницијативата е да се влезе во трагата на досега неосудените нацистички злосторници со помош на населението и тие да бидат изведени пред суд, вели иницијаторот на кампањата и раководител на Ерусалимското биро, Ефраим Зуров. Се бараат укажувања и траги кои можат да водат кон нацистичките злосторници. За таа цел е предвидена и казна до 25 илјади евра.

Нова правна основа преку процесот Демјанјук

Новата иницијатива е поттикната од осудата во 2011 година на Иван Демјанјук, стражар во нацистичкиот логор Собибор, поради пружање помош во убиство на луѓе, вели Зуров. Со тоа беше направена и правна основа, која може да биде користена и во иднина.

Сега се доволони и докази дека луѓе биле на служба во логорите за уништување на луѓето и во единиците за егзекуција. Порано требаше да се докажува злосторство извршено врз конкретен човек. Затоа, сега постои шанса „нацистичките убијци да бидат ставени пред суд, оние кои досега ја избегнале правдата“, се надева Зуров. Секое обвинување е важно потсетување дека правдата за жртвите на холокаустот се‘ уште може да ги стигне извршителите. Длабоката старост на злосторниците не треба да биде причина за прекин на казнената постапка.

„Староста не ја намалува вината“, вели Зуров.

Централниот совет на Евреите во Германија ја поздрави иницијативата на Центарот Симон Визентал.

„Се работи во крајна линија за правда, а за неа нема застарување“, вели претседатеот Дитер Грауман. Освен тоа, не останува уште многу време за крвниците да бидат изведени пред лицето на правдата.

Историчарите не ја одобруваат кампањата

Во принцип, историчарот Михаел Волфсон не го дели ова мислење. Тој посебно не се согласува со паричната награда.

„Тоа е апсурдно, тоа е мерење во пари, во бројки, за мене тоа е патетично и срамно, 25 илјади евра за злосторник“, вели тој во интервју за Дојчландфунк.

Волфсон бара солидна проценка на нацистичката диктатура. Тој укажува на тоа дека Симон Визентал, чие име го носи Центарот, бил со сличен став. Тој барал правда, а не одмазда.