1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кажи ми едноставно Ти!

Биргит Герц / Александра Трајковска4 јануари 2013

Кога на германски се обраќате со „Ти“, а кога со „Вие“? Порано се сметаше дека со непознати не можеш да си на „Ти“. Денес конвенциите се поблаги, но тоа не значи дека стана поедноставно, напротив.

https://p.dw.com/p/17Dt0
Фотографија: picture alliance

Добрите манири во Германија имаат име: Барон Адолф Книге. На крајот на 18. век тој напиша дело кое го наслови „За односот со луѓе“. Заблуда е, но до денес постои убедувањето дека книгата на Книге е советник за добро однесување.

Тоа е недоразбирање, оти списите на Книге се повеќе социолошка расправа. Сепак, до денес Книге важи за Институција за добрите форми на однесување.

Adolph Freiherr Knigge
Баронот Адолф Книге се смета за основоположник на формите на општење во ГерманијаФотографија: picture-alliance / dpa

Ханс-Михаел Клајн е претседател на Германското Книге-здружение. Тој одржува семинари за формите на однесување, во кои разбирливо е содржана и коректната употреба на формалното Вие и блиското Ти.

Стручњакот разликува во основа две области: „За двете важат комплетно различни правила: во приватниот живот секогаш постариот му нуди на помладиот да општат на Ти - се‘ едно дали се работи за маж или жена“. Во професионалниот живот староста не игра улога, туку позицијата во хиерархијата на претпријатието, појаснува Клајн:

„Според тоа, секогаш шефот или шефицата мора да му ја понуди формата Ти на вработениот - се‘ едно кој е постар, а кој помлад. Доколку се на исто рамниште, на пример двајца раководители на оддели, тогаш колегата кој е подолго во фирмата нуди да се премине на форма на општење Ти“, појаснува Клајн. Звучи логично и едноставно.

Bildergalerie Business Winter Knigge Händeschütteln Team
Во професионалниот живот одлучувачка е хиерархијата во фирматаФотографија: Patrizia Tilly/Fotolia

Обраќањето е огледало на општеството

Конвенциите за обраќање подлежат на промени, појаснува Холгер Клате, портпарол на Здружението за германски јазик: „Формата на обраќање беше и е постојано израз на едно општество кое се менува и динамиката во рамките на една група, кон која се чувствува дека се припаѓа“. Со тоа формите на обраќање се огледало на општеството.

Промени во формите на обраќање, имено, се документирани уште во средниот век. „Тогаш на лицата со висока позиција им се обраќаше со ’Вие’, односно второ лице множина“, вели Клете. Подоцна, во социјалниот поредок на лицата на повисока позиција им се обраќаше во трето лице еднина „Тој“ или „Таа“. „Дали господинот добро се одмори?“. Во поранешното ново време во мода дојде апсолутизмот, кога монархот имаше право на сеопфатна моќ. За да го нагласи ова нему требаше да му се обраќаат со т.н. „pluralis majestatis“, односно со „Тој“ или „Таа“ во комбинација со трето лице множина. „Дали Ваше височество добро се одморивте? Посакува ли Тој утринско капење?“

Deutschland Geschichte Wirtschaftswunder Familie mit VW am See
Во 60-тите во Германија формата Ти се користеше во фамилијата и меѓу најблиските пријателиФотографија: picture-alliance/dpa

Формата Ти денес

Денес односот со формата Ти е многу послободен отколку порано. Особено динамична е формата Ти во рекламите: маркетинг експертите, кои по природата на нештата го сакаат најдоброто за своите муштерии, не препуштаат ништо на случајот, што значи не е случаен ниту изборот на форми на обраќање. Кај рекламите за скап производ се вели повеќе: „Направете пробно возење“, „Дозволете си велнес-викенд“ или „Уживајте во богатото бифе“.

IKEA Logo
Во Скандинавија консеквентно се користи Ти, па и во рекламитеФотографија: picture-alliance/dpa

Една позната шведска фирма за мебел напротив своите производи ги рекламира на следниот начин: „Живуркаш уште или веќе живееш?“ Овде Ти сигнализира на поврзаност, припадност кон заедницата која е пријатна.

Но, формата Ти може да биде и навредлива, бидејќи може да укажува на непочитување. Кога телевизискиот водител Дитер Болен пред неколку години на полицаец му се обрати со Ти, случајот заврши пред суд. Во негова одбрана Болен наведе дека обраќањетоо на Ти е негова нормална форма на општење. Судот ја следеше оваа аргументација. Добро за Болен, оти инаку ќе мораше да плати 500 евра, што сигурно ќе можеше да ги преболи.

Symbolbild Polizei
Службените лица подобро е да се персираат!Фотографија: picture alliance / dpa

Внимание: стапица

Вистинските стапици меѓутоа не се кај персирањето само по себе или при употребата на формата на обраќање Ти, туку кај преминот од Вие на Ти. Експертот за обраќање Клајн отсликува за ова пример.

На една опуштена, весела службена забава шефот ја нуди формата Ти. Но, како ќе биде на следниот работен ден? Дали претпоставениот ќе се придржува до понудата? Ќе се сеќава ли воопшто на тоа? Ханс-Михаел Клајн советува: „Најдобро е да се избегнува директно обраќање и да се употрeби безлично обраќање. На пример: ’Денеска нели сакавме да разговараме за темата XY?’“. Во секој случај соработникот мора да сочека, како ќе реагира шефот. „Апсолутно табу е да го потсетите претпоставениот на понудата за користење на формата Ти“, вели Клајн.

Manieren in der deutschen Arbeitswelt Flash-Galerie Sektempfang
По службената забава треба да се сочека како шефот ќе реагира на првиот работен денФотографија: Fotolia

Ханс-Михаел Клајн за учесниците на своите семинари за однесување секогаш има едно златно правило „Секогаш реагирајте адекватно“. Значи, никако да се западне во непријатна ситуација! Ова правило на однесување е универзално, лесно се памети и важи не само за употребата на Ти-формата на обраќање.