1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каиро: Процесот против Мурси повторно одложен

ЖА/дв/дпа/миа/ртре8 јануари 2014

Лошото време е официјална причина за одлагање на процесот против египетскиот екс- претседател Мохамед Мурси, според судот. Војската која го собори го обвинува за убиство на демонстранти во време на неговиот мандат.

https://p.dw.com/p/1An2K
Фотографија: Reuters

Судот во Каиро го одложи денешното судење на соборениот исламистички претседател Мохамед Мурси за 1 февруари, откако обвинетиот не се појави во судот, што заседава во пoлициската академија во египетскиот главен град. Како објаснување за одлoжувањето на судењето, судот го наведе лошото време, што оневозможило специјалниот хеликоптер да полета од Александрија, каде Мурси е во затвор.

Другите обвинети во процесот против Мурси и уште 14 високи функционери на Муслиманското братство, пристигнаа на судењето. Еден од нив, заменик лидерот на братството, Есам ал Ериам од специјалниот кафез во судот каде седат обвинетите извика дека тој не го признава судот, нарекувајќи го „неуставен“ и порача дека таков став има и Мурси.

Поранешниот претседател кој беше тргнат од власт во јули минатата година, по масовните антиисламистички протести во Каиро и ширум Египет на кои присуствуваа десетици милиони луѓе, е обвинет за поттикнување на убиството на демонстрантите пред претседателската палата во Каиро, во 2012. година. Мурси е обвинет и за тајната соработка со милитантните исламистички групи Хамас и Хезболах, како и за убиството на стотина полицајци во времето непосредно пред да биде соборен Хосни Мубарак.

Приврзаниците на „Муслиманското братство“ и на сменетиот исламистички претседател се собраа денеска пред зградата на судот во Каиро, барајќи тој да биде вратен на функцијата, но новниот број беше значително помал од порано.

Некои каирски весници, пак, бараат од новите власти Мурси да биде осуден и екзекутиран. Странски набљудувачи во египетскиот главен град изразуваат неверување во службената верзија на судот, дека процесот се одлага поради лошото време, забележувајќи дека во Каиро времето е мирно, а дека така било утринава и во Александрија.