1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

250609 Klima Merkel Obama USA

26 јуни 2009

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска (26.06.2009) се среќава со американскиот претседател Барак Обама - за првпат официјално во Вашингтон. Каков е односот меѓу американскиот претседател и германската канцеларка?

https://p.dw.com/p/IbDX
Навидум се’ е во ред: Обама и Меркел во Дрезден на почетокот на јуниФотографија: AP

Од доаѓањето на Барак Обама на функцијата американски претседател на крајот од јануари, во Белата куќа се изредија голем број државници. На германската канцеларка се чекаше попусто. Тоа што Ангела Меркел доаѓа дури сега, има подлабоки причини, смета политикологот Сели Макнамара од Вашингтонската „Херитиџ фаундејшн“. „Се чини дека таа е единствениот европски лидер, кој не дозволи да го заведе гламурот, харизмата и целиот шоу-бизнис околу Барак Обама...“

Новиот американски претседател и германската канцеларка досега имаа веќе четири средби. Две од нив беа на големи меѓународни конференции, а другите две беа за време на неодамнешната посета на Обама на Дрезден и Вајмар. Експертот Макнамара тврди дека овие двајца политичари имаат некаков темелен проблем во комуникацијата: „Мислам дека тие не можат да се поднесат и тоа во повеќе аспекти. Тие имаат добра работна атомосфера кога ќе се сретнат, но на полето на личните односи, ако се спореди со тоа како комуницираа Буш и Меркел, овде не е присутна таква блискост. Буш и Меркел навистина добро се разбираа, наспроти сите разлики во мислењата. Тоа не се гледа кај Ангела Меркел и Барак Обама. А и што се однесува до политичките содржини на претстојната средба, на Меркел сигурно нема да и’ биде полесно со Обама отколку што и’ беше со Буш.“

Obama in Dresden Flash-Galerie
Видно се трудат околу позитивната работна атмосфера: Обама и МеркелФотографија: AP

Отворен разговор

На оваа средба во Вашингтон, политичките разлики се отворено поставени на маса, оценува Даг Бандоу од американскиот „Като институт“. „Владата на Обама се обиде да ја придвижи германската влада на поголеми давачки во врска со финансиската и даночната политика. Претседателот Обама не беше задоволен со тоа што го доби од официјален Берлин, но сепак, мораше да ги прифати одлуките на владата на Меркел. Овојпат може да се очекува американската администрација да извлече нешто повеќе по прашањето на прифаќањето на затворениците од озлогласениот затвор во Гвантанамо.“

Passerelle Brücke in Kehl Angela Merkel mit Barack Obama Nato Gipfel
Кој кому ќе му го покаже патот? Меркел и Обама на самитот на НАТО во КелФотографија: AP

По сите овие отворени прашања почетните позиции на Обама и на Меркел се многу различни. Но, како централна тема се исцртува ангажманот на германски војници на југот на Авганистан, каде што се водат жестоки борби. Притоа, експертот Макнамара укажува на фактот дека Обама нема да врши преголем притисок врз гостинката од Берлин, бидејќи таа му е потребна во реализирањето на неговата политика кон Европа: „За Обама, ЕУ има главна улога во целата негова политика кон Европа. Кај Буш се’ се вртеше околу т.н. коалиции на добра волја со поединечни земји членки на ЕУ и на НАТО. Обама напротив порача дека ЕУ му е многу важна и затоа мора да ги придобие на своја страна Франција и Германија. Тие се многу важни, ако не и најважни актери на европската политика“, заклучува политикологот Сели Макнамара.

Автор: Албрехт Циглер / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска