1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тактиката на Јанукович

Роман Гончаренко/ Симе Недевски3 декември 2013

Опозицијата во Украина има намера да издејствува оставка на претседателот Виктор Јанукович и нови избори. Стотици илјади се излезени на улиците на Киев. Но шефот на државата очигледно игра на адутот- време

https://p.dw.com/p/1ASCO
Фотографија: REUTERS/Andriy Mosienko/Presidential Press Service

Виктор Јанукович сочека и дури вчеравечер (02.12.2013) два дена по ескалацијата на протестите во Киев , се јави за збор. Во интервју за украинската телевизија тој ги повика како полицијата така и демонстрантите да се придржуваат до законите:„Важно е овие акции да се одвиваат мирно“, порача украинскиот претседател.

Претходниот ден половина милион луѓе беа на улиците на Киев за да протестираат против Јанукович. Од една страна тие беа револтирани од бруталниот ангажман на специјалните сили на полицијата против стотиците млади демонстранти кои во саботата вечерта протестираа на плоштадот на независноста во Киуев. Од друга страна луѓето протестираа против одлуката на владата да го суспендира потпишувањето на Договорот за асоцијација и слободна трговија со Европската унија. Повторно дојде до насилство, откако некои демонстранти се обидоа да упаднат во претседателската палата.

Јанукович знае да тактизира

Набљудувачите го сметаат дводневното молчење на Јанукович за показател за нерешителност. „Ми изгледа дека тој сѐ уште не ја утврдил својата линија на однесување“, вели Серхиј Рахманин, уредник на политичката редакција во реномираниот киевски неделник „Ѕеркало Тушнја“ : „Има пат ситуација и двете страни - владат и демонстрантите- отидоа предалеку“

Ukraine Demonstration Zusammenstöße Polizei EU Regierung Politik
Фотографија: Reuters

Наспроти тоа германскиот експерт за Украина , Герхард Симон од универзитетот во Келн смета дека однесувањето на Јанукович го смета за чиста тактика. Според него Јанукович е човек кој знае да сочека. „Молчењето не е неразумно. Што и да направи Јанукович, ќе биде завртено против него““, смета политикологот.

63-годишниот Јанукович е претседател на Украина веќе четири години. Никогаш досега од стапувањето на функцијата во 2010 година немало толку масовни протести против него, како оние во изминатиот викенд. Во неделата изгледаше како неговата база на моќ да се троши. Некои еминентни претставници на владејачката Партија на регионите најавија излегувње од пратеничката група. Имаше вести за оставка на шефот на претседателскиот кабинет Серхиј Љовочкин. Тие меѓутоа досега не беа официјално потврдени. Ваквиот развој на настаните не треба да се преценува, вели новинарот Рахманин: „Не би рекол дека владиното мнозинство набргу ќе се распадне, Истота така последните настани малку ќе сменат во популарноста на Јанукович во неговите изборни упоришта на истокот и на југот на Украина“.

Ќе ја загубат ли протестите насоката во снегот?

Рахманин верува дека Јанукович има релативно голема шанса и покрај протестите да остане на власт. Наредните претседателски избори се дури во 2015. година а опозицијата нема јасен план за промена на власта, анализира овој новинар. Покрај тоа судирите на насилните демонстранти со полицијата направија еден дел од населението „барем да се замисли“ и во вакви услови Јанукович планира да ја отседи кризата.

Сосема можна во моментов е и натамошна ескалација на насилството од страна , но реакциите од Западот би можеле да го спречат Јанукович да нареди такво нешто, смета Рахманин.„Верувам дека тој сака да ја држи отворена вратата кон Европа, само за да може нешто да му спротистави на рускиот притисок“.

Kiew Ukraine Protest Regierung 1. Dezember
Фотографија: Reuters

Експертот за Украина, Симон смета дека Јанукович нема да се повлече од функцијата. „Доколку меѓутоа опозицијата како што најави со генерален штрајк ја парализира земјата тогаш се можни многу нешта кои денес не можеме да си ги замислиме“, вели Симон. Најнапред претседателот ќе се обиде да им сигнализира на демонстрантите дека прифаќа некои нивни барања и ќе понуди и жртвени јагниња, прогнозира експертот. Калкулацијата гласи: доаѓа зимата и „протестите ќе ја загубат насоката во снегот“

Јанукович по стапките на Кучма

Доколку тактиката на отседување биде успешна, Јанукович нема да биде првиот украински претседател, кој му успеало да преживее под притисок. Во зимата 2001 година Леонид Кучма беше обвинет дека го наредил убиството на еден критички настроен новинар. Илјадници луѓе протестираа и бараа оставка на претседателот. Дојде до брутални судири меѓу демонстрантите и полицијата во Киев. Украинското општество беше вџашено а протестното движење ја загуби подршката. Кучма остана претседател до почетокот на 2005 година. .