1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како да се запрат пиратите?

Кристоф Хазелбах25 ноември 2008

НАТО и ЕУ ги усогласуваат операциите против пиратите пред брегот на Сомалија. НАТО нема мандат за блокада на пристаништата кои ги користат морските разбојници.

https://p.dw.com/p/G1pS
НАТО има ограничен мандатФотографија: AP/DW

Кога пиратите пред неколку дена го грабнаа големиот саудиски танкер „Сириус“ пред јужноафриканскиот брег, НАТО сметаше дека не е надлежен: тоа беше надвор од поморската зона, утврдена со неговиот мандат од ОН. Но, случајот уште еднаш ја покажа важноста на борбата против пиратите. Наскоро започнува и мисијата на ЕУ пред брегот на Сомалија,„Аталанта“.Таа добива се‘ појасна форма, а ја потврдија и министрите за надворешни работи на ЕУ, така што може да стартува кон крајот на годината. „Аталанта“ ќе биде во тесна соработка со НАТО.

Supertanker von Piraten entführt
Саудискиот танкер „Сириус“Фотографија: AP

Двајцата водечки дипломати во ЕУ и НАТО, Хавиер Солана и Јап де Хоп Шефер редовно се договараат на темата акција против пиратите. Солана за претстојната мисија на ЕУ вели дека тоа ќе биде солидна операција. Целта е одвратување, спречување на пиратерството, заштита пред се‘ на хуманитарните пратки на ОН.

Georgien NATO Jaap de Hoop Scheffer in Tiflis
Јап де Хоп ШеферФотографија: AP

Барања проблемот да се реши во корен

Но, концентрацијата на НАТО на заштита само врз трансферот на хуманитарната помош од ОН за некои сопственици на бродови е трн в око. Здруженијата на сопствениците на бродови бараат од НАТО, кој веќе оперира пред Сомалија, да го реши проблемот во корен. Тоа значи, пиратите не треба да можат ни да испловат од нивните пристаништа, кои се познати, НАТО треба да ги блокира. Јап де Хоп Шефер меѓутоа одмавнува:

„За НАТО во моментов не доаѓа во предвид блокада на пристаништата. Ги знаете резолуциите на Советот за безбедност на ОН, онакви какви што се сгеа, тие исклучуваат вакви акции.“

Но, НАТО сепак размислува за подолгорочно справување со пиратите. Темата добива се‘ повеќе на значење.