1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како да се поправи погрешната конструкција на еврото?

14 јули 2011

Кога во праксата ќе се покаже дека некоја комплицирана машина е погрешно конструирана , производството се запира и се вршат измени. Тоа е можно да се направи и со еврозоната, смета коментаторот на ДВ.

https://p.dw.com/p/11uLl

Европската монетарна унија, ваква каква што е, уште од својот почеток беше погрешно конципирана. На нејзините творци додуша, од почеток им беше јасно дека заедничката валута може да функционира само во земји чии стопанства се еднакво силни и конкурентни. Но критериумите кои беа формулирани во Мастрихт како услов за пристапување во зоната на еврото беа слаби и недоволни, значи несоодветни за големиот проект. Тие беа произволно одредени и се однесуваа само на инфлацијата и нивото на пораст на цените, долгорочните камати, годишното ниво на нови задолжувања, како и на вкупниот долг на земјата која сака да и‘ пристапи на еврозоната.

Погрешни амбиции

Deutsche Welle Rolf Wenkel
Ролф Венкел уредник во економската редакција на Дојче ВелеФотографија: DW

Со тоа веќе во самата основна конструкција е вградена грешка која доведе до развој во погрешна насока. На тој начин и на медитеранските земји со слаби валути им беше овозможено да влезат во клубот. Некои меѓу нив барем приближно ги исполнуваа критериумите само во моментот пред влезот во еврозоната, кај други пак, благонаклонето се замижувало на едно око, а барем за една земја (Грција) се знае дека податоците биле „фризирани“.

Сето тоа беше толерирано бидејќи главната цел беше пристапувањето кон заедничката валута. Веднаш откако тоа беше остварено се продолжи со практиката на безмерно расипништво.

Така структурно слаби и на светските пазари неконкурентни земји влегоа во монетарната унија - како што се покажа на сопствена штета. Во прво време еврото им овозможуваше на меѓународниот пазар да доаѓаат до пари со поволни камати кои пред тоа ги имаа само нивните северни соседи, што доведе до извесен економски полет. Долгорочно меѓутоа, тие си наштетија самите себеси.

Со тек на времето структурните слабости на тие држави стануваа се’ поочигледни и тие се ’ повеќе заостануваа во продуктивноста зад дисциплинираните земји од северниот дел на Европа. Пред еврозоната тоа не се сфаќало како трагедија. Имено, во договор со партнерите ќе се извршело девалвирање на грчката драхма или португалскиот ескудо. Денес тоа повеќе не е можно бидејќи еврото е заедничка валута.

Потребни се радикални мерки

Политиката меѓутоа не е подготвена да ја признае грешката во контрукцијата. Таа се занимава со симптомите, се води броба за споредни работи, како што се рејтинг агенциите, се купува време со различни пакети за помош- без притоа носителите на одлуки да се позанимаваат со важните аспекти на таа конструкциска грешка.

А всушност сосема е возможно ново устројство на монетарната унија но само како решително се преземат радикални мерки.

Kommentar bulgarisch

Прво: доверителите би морале да прифатат отпишување на дел од долговите. Аргументите дека во тој случај Грција или Португалија би биле исклучени од финансиските пазари се без основа. Имено тие на пазарите ионака повеќе не можат да добијат ниту цент. Освен тоа не би дошло ниту до крах на банкарскиот систем , бидејќи повеќето банки своите високоризични хартии од вредност одамна ги продадоа - на Европската Централна Банка.

Покрај тоа воопшто не е неизбежно вирусот да се пренесе на други земји како Шпанија, Ирска или Италија ако на пазарите на капитал од почетокот сосема јасно им се стави до знаење каква е целта на тие мерки. Тука доаѓаме до другата точка: треба да се вложат доволно пари за Грција и Португалија да се извлечат од еврото. Со тоа би се намалил притисокот од девалвација кој се таложи веќе десет години и во двете земји повторно би се вовеле драхмата и ескудото. Потоа би останала една начелно здрава и зајакната монетарна унија која потоа какко трет чекор би морала да создаде една наднационална институција која би издавала еврообврзници. Каматите за нив би се одредувале врз основа на просечната каматна стапка во преостанатите членки на еврозоната. Тоа би вила вистинска сопирачка кога станува збор за задолжувањето.

Имено ако долговите на некоја членка на еврозоната тогаш би преминале определена граница , таа земја би морала да покрене постапка на консолидација и да побара помош од Европскиот фонд за стабилизација. Тие средства тогаш би биле одобрени под строги услови.

Автор: Ролф Венкел

Превод: Симе Недевски

Редактор: Борис Георгиевски